Третото парче во кое се потсетуваме на најгледаните филмови во месец март во американските кино сали , ќе ве потсети на тоа што било гледано во месец март пред „само“ 10 години.Времето толку брзо минува што понекогаш си велиме дека некој од овие филмови сме ги гледале неодамна . За таквиот впечаток можеби е „ виновна“ и телевизијата каде некои од филмовите кои ќе ги споменам сте ги виделе пред извесно време ,без притоа да не ве интересира годината кога се направени.
ЛЕДЕНО ДОБА:ЗАТОПЛУВАЊЕ
Најгледан филм во американските кино сали во месец март 2006 година бил компјутерски анимираниот филм „ Ледено доба:Затоплување“ кој всушност преставува продолжение на филмот „ Ледено доба“ реализиран во 2002 година.
Вофилмот се враќаат јунаците од предходниот филм:Мени,волнестиот мамут , мрзливецот Сид , тигарот Диего,предисториската верверица Скрат…Филмот ја обработува мошнесерозната тема на глобалното затоплување на земјата, тема со која е преокупиран целиот свет во трката по спасување на она што ни е оставено од нашите предци да го сочуваме и да го предадеме на идните генерации.
Кога на долината во која што живеат споменатите јунаци ќе им се закани топењето на мразот кој ја опкружува , мамутот Мени, мрзливецот Сид и сабјестиот тигар Диего започнуваат да ги советуваат останатите животни да побараат ново скровиште , пред да истечат трите дена во текот на кои водата би можела да навлезе во нивниот дом.Бегајќи ,тројката ќе ја сретне мамутката Ели, која е убедена дека е опосум , како и нејзините разиграни браќа.Во меѓувреме , верверичката Скрат и понатака се обидува да го сочува својот лешник дури и среде најчудните околности.
„ Ледено доба 2:Затоплување“, зад како предводник на тимот аниматори стои Карлос Салдана, повторно освојува со авантурите на слатките и симпатични животни чии мотиви најчесто ни малку не се разликуваат од оние човечките од секојдневниот живот. Гласовите на главните јунаци им ги позајмуваат истите актери од првиот филм:Реј Романо, Џон Легуизамо, Денис Лири, Шон Вилиам Скот, Квин Латифа, Вил Арнет…За популарноста на овој филм доволно говори податокот дека филмот доживеа продолженија, во 2009 , 2012 и најновот во оваа 2016 година кое премиерата ќе ја доживее во јули.
ДОМА Е НАЈДОБРО
Романтичните љубовни комедии одсекогаш имаат своја публика.Една од многуте од овој жанр именувана како „ Дома е најдобро“ во март 2006 година се најде на второто место на најгледаните филмови во САД.
Филмот говори за Паула ,убава и амбициозна млада жена со најневообичаена работа на светот. Имено,оваа убавица за своја животна професија го одбрала скротувањето на „ мамините синчиња“кои ниту во своите средни триесети години не можат да се одвојат од родителскиот дом.Нејзиниот нов клиент Трип, шармантен триесетгодишник кој има интересна работа,луд автомобил,страст за едрење, прекрасна куќа и родители ,кои се грижат за него, во неа.Тие ја повикуваат Паула да им помогне нивниот син конечно да застане на свои нозе и да стане вистински маж. За неа тоа е уште еден клиент на кого треба да ја примени нејзината терапија. Имено таа лукаво ги наведува своите клиенти да се вљубат во неа а потоа ги напушта заради нивната незрелост за на крајот да се иселат од својата куќа.За неа не преставува никаков проблам да го заведе Трип, ама ќе има проблем кога таа ќе се вљуби во него…
Режисерот Том Деј за филмот ангажирал звучни имиња од Холивуд . Актерската постава ја предводат миленикот на женската публика-убавецот Метју Мек Конахи,славната Кери од популарната серија „ Секс и град“-Сара Џесика Паркер,оскаровката Кети Бејтс,Тери Бредшоу, Џастин Барта и други.
ИНСАЈДЕР
Кога во еден филм ќе настапат неколку оскаровци и познати актери и згора на тоа кога филмот ќе го потпише вистински мајстор , тогаш и не е чудно што филмот „Инсајдер“беше еден од најгледаните во месец март пред десет години.
Се работи за трилер кој говори за Далтон Расел кој не е обичен ограбувач на банки. Тој е перфекционист кој злочинот ќе го испланира до најситниот детал и ништо нема да му препушти на случајот.Бандата влегува во банката на Менхетен , ги заклучува сите врати, а луѓето во банката ги зема за како заложници. Детективот Фрејзер доаѓа на местото на грабежот како главен преговарач. Но, Далтон секогаш е еден чекор пред законот и сите настојувања на Фрејзер да го оневозможи грабежотсе залудни. Председателот на банката во сефот држи нешто што има посебна вредност и затоа тој ја повикува Медлин Вајт на помош, како искусна и почитувана преговарачка.
Карактеристичното движење на камерата и начинот на снимањето , користењето на музиката и прекрасните пјзажи на Њујорк уште во стартот дава до знаење дека во режисерското столче седи култниот режисер Спајк Ли.Во овој напнат и загадочен трилер главните улоги ги толкуваат неколку истакнати холивудски ѕвезди:Дензел Вошингтон, Клајв Овен , Џоди фостер, Кристофер Пламер и Вилиам Дефо.
О ЗА ОДМАЗДА
Меѓу најгледаните филмови во март 2006 година се најде и еден научнофантастичен фил именуван како „ О за одмазда“ во режија на Џејмс Мек Тиг во кој во главните улоги наста пуваат Натали Портмен,Хуго Вивинг, Стивен Риа, Џон Харт и други.
Во футуристичкото опкружување на тоталитарната Британија „ О за одмазда“ја раскажува приказната за една млада жена од работничка класа викана Евеј, која од смртоносна ситуација ја спасува еден маскиран човек познат само како „ О“. Тој е мошне образуван, одважен, нежен и интелегентен , тој е човек кој се посветил на ослободување на своите сограѓани од оние кои со терор ги натерале да бидат покорни.Тој истотака е огорчен, осветнички настроен, осамен и насилен .Во својата мисија за ослободување на англискиот народ од корупција и насилство кои ја затровале британската влада.О ја осудува тиранијата на нивните водачи и ги повикува своите сограѓани да му се приклучат во борбата за праведност.За улогата во овој филм актерката Натали Портман ја избричи главата . Кира Најтли исто така била заинтересирана за оваа улога.
КУЧЕШКА СУДБИНА
Филмот „Кучешка судбина“ ,кој се најде меѓу петте најгледани филмови во месец март во 2006 година, всушност преставува римејк на истоимениот филм од 1959 година со Фред Мек Мареј во главната улога кој бил направен во продукција на Волт Дизни и кој направил солиден финансиски успех.Во 1976 година било снимено и продолжение на филмота во 1994 година и тв филм.Филмот од 2006 година ја поседува добро познатата атмосфера на семејните филмови на Волт Дизни, но во филмот се искористени и новите специјални ефекти а во заплетот успешно е вметната современата тема за неетичните научни експерименти врз животните.Филмот е во режија на Брајан Робинс а во главните улоги настапуваат :Тим Ален,Кристин Дејвис, Зена Греј, Спенсер Бреслин, Роберт Дауни јуниор и други.
Инаку најгледани филмови во 2006 година биле:
1.ПИРАТИТЕ ОД КАРИБИ: КОВЧЕГОТ НА МРТВИОТ ЧОВЕК со заработени 423 милиони долари во американскитре кино сали односно 1, о66 милијарди долари во светски рамки.
2. КОДОТ НА ДА ВИНЧИ со заработени 758 милиони долари во светски рамки.
3. Ноќ во музејот со заработка од 574 милиони долари во светски рамки.
4. АВТОМОБИЛИ со заработени 461 милиони долари во светски рамки и
5.ИКС МЕН:ПОСЛЕДНИОТ ФРОНТ со заработка од 459 нилиони долари , истотака во светски рамки.
Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк