Овoj пат во рубриката „Фото на неделата“ни гостува Роберт Паноски од Струга.
Роберт е роден 1978 година и со фотографирање се занимава околу 2 години и кусо ни напиша: – Љубовта кон фотографијата се роди после моите велосипедските тури околу Македонија. Предизвик ми се фотките на птици во лет од тука на мојот профил преовладуваат лебедите во лет. Моментално се занимавам со рачно изработување на дрвени рамки и столни ламби, што е уште еден мој креативен израз и контакт со уметноста и естетиката.
Објавената фотографија носи наслов „Лебед во лет“ а Роберт ја направил во Калишта кај Струга.
Публицитет.мк