Пионерот на луксузните автомобили го тестира својот прв теренец…
Сегментот на теренски автомобили наскоро ќе се прошири со уште еден нов модел, и тоа не со било кого туку со пионирот во луксузните автомобили – со Rolls-Royce. Имено овој бренд веќе подолго време го најавува неговото можно појавување во овој сегмент, но по претставувањето на Bentley Bentayga неговиот најсилен ривал, Rolls-Royce конечно одлучи за ваквиот потег.
Толку се сериозни што веќе активно работат на неговата реализација, поточно веќе е забележан неговиот камуфлиран тестен модел, кој во периодов ќе биде подложен на сериозни тестирања. Или како што и кажуваат од компанијата, брзо по прославувањето на Нова Година ќе започнат со активно и посериозно тестирање кое ќе биде спроведено на Арктичкиот Круг каде што Cullinan ќе биде спроведен на сериозни тестирања под екстремно зимски услови.
При првите потопли денови, ќе биде пренесен на локација која точно сеуште не се знае, но е познато дека ќе биде на средниот исток каде што ќе биде тестирана обратната страна – екстремно топли услови. Тогаш и ќе бидат потврдени голем број на информации кои засега се само шпекулации, односно како што е информацијата за 6,8 литарскиот V12 мотор, а постои и идеа за хибридна верзија. Неговото официјално појавување се очекува да биде на крај од индата година или пак на почеток од 2018-тата..
Извор: www.rpm.mk