По повод 21-ви март, денот на пролетта, членови на Ротаракт Клубот од Охрид денес беа во посета на децата од детската градинка “Јасна Ристеска”, клон “Билјана”.
При посетата беа донирани блокчиња, боички и останат прибор за цртање, преку кои дечињата уште еднаш ја покажаа својата чиста душа, бескрајна фантазија и креативност, цртајќи мотиви за магијата на најубавото годишно време, кога се буди животот во природата.
![6 copy copy](images/6_copy_copy.jpg)
Вештите детски рачиња твореа под мотото: ”Од детската рака, за пролетта”.
![2 copy copy copy copy copy copy copy](images/2_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy.jpg)
Активностите на Ротаракт Клубот од Охрид во насока на подобрување на квалитетот на престојот на децата во градинката ќе продолжат и во наредниот период, до крајот на годината.
![7 copy](images/7_copy.jpg)
Публицитет.мк