• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
среда, август 20, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Русија и Европа ќе почнат заедничка мисија на темната страна од Месечината за таму да изградат база (ФОТО)

октомври 19, 2015
in Тикер

Европската вселенска агенција (ЕСА) ќе се вклучи во амбициозниот план на Русија да ја колонизира Месечината, со најава дека ќе ги обезбеди клучните технолошки средства за планираната истражувачка мисија во 2020 година, а можеби и ќе помогне во изградбата на постојана база.

Руската вселенска агенција Роскосмос во ноември минатата година ја најави Луна 27, роботски лендер што ќе слета во басенот Еиткен на Јужниот пол, џиновски кратер на темната страна на Месечината, и ќе го истражи во потрага по ресурси што може да се користат од страна на идните жители на Земјиниот сателит.

„Јужниот пол на Месечината се разликува од сите места на кои сме биле досега“, рече за Би-би-си Џејмс Карпентер, водечки научник на ЕСА. „Животната средина е сосема поинаква, а поради екстремниот студ таму може да најдете големи количества воден мраз и други хемиски супстанции што се на површината, а до кои ние би можеле да пристапиме и да ги користиме како ракетно гориво или во системите за поддршка на живот во идните човечки мисии на тие локации.“

Нацрт на Луна 27

За мисијата, ЕСА се очекува да го испорача Пилот, систем за слетување со ласерско нагодување и софистицирани камери што ќе ги снимаат најдобрите локации за истражување, како и револуционерна дупчалка што ќе копа 2 метри под површината. Европејците, исто така, ќе изградат и подвижна лабораторија што веднаш ќе може да ги анализира примероците.

Нацрт на ЕСА за лунарниот лендер

Иако научниците и инженерите веќе работат на шематските планови за проектот, европските претставници ќе го официјализираат своето вклучување во Луна 27 кон крајот на 2016 година.

Водечкиот научник на Роскосмос на проектот, Игор Митрофанов, ја повика ЕСА да се вклучи во потфатот на Русија.

„Мора да одиме на Месечината. 21 век ќе биде век кога таа ќе стане трајна база на човековата цивилизација. Нашата земја мора да учествува во овој процес, а ние треба тоа да го направиме заедно со нашите меѓународни колеги“, рече овој професор на Институтот за вселенски истражувања во Москва за Би-би-си.

Предложен нацрт на ЕСА за лунарната база

Какви резултати и да донесе, Луна 27 е само тест за соработката меѓу вселенските агенции и чекор поблиску до поголемите цели.

Новиот шеф на ЕСА, Јохан Дитрих Вернер, кој е на таа функција од јули, е страстен поборник на колонизирањето на Месечината, па и самиот има давано предлози за меѓународна вселенска населба, слично на руската замисла.

„Нашата амбиција е да имаме европски астронаути на Месечината. Во моментов се водат дискусии на меѓународно ниво за широка соработка во враќањето на Месечината“, рече Беренгер Худу, претседател на групата за истражување на Месечината во Европскиот центар за вселенски истражувања и технологија на ЕСА.

Но колку и да се чини амбициозно, евентуалната база на Месечината би била само вовед во едно поголемо, посистематско истражување на вселената од досегашните обиди на човештвото.

„Таа ќе биде за астрономски набљудувања, за користење минерали и други лунарни ресурси и за да се создаде една база што ќе може да ја посетуваат космонаутите што ќе работат заедно, како тест за идните нивни летови на Марс“, вели Митрофанов.

„Оваа цела серија на мисии се чини како почеток на враќањето на Месечината, но тие се и почеток на нешто ново во услови на целокупно истражување на Сончевиот систем“, вели Ричард Фисакерли, водечки инженер на ЕСА за Луна 27.

Извор: мкд.мк 

Посетеност: 111
Share
Previous Post

Лондонскиот градоначалник е прв Британец што ќе вози Toyota на вода

Next Post

Градоначалникот Бакрачески во Израел се сретна со градоначалникот на Њујорк

Next Post

Градоначалникот Бакрачески во Израел се сретна со градоначалникот на Њујорк

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 111

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk