• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
понеделник, септември 21, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Сахара групацијата не се откажува од Македонија, ќе го реконструира хотелот „Славија“ во Охрид

октомври 9, 2015
in Тикер

Наскоро Охрид ќе добие уште еден луксузен хотел на својата ривиера

 

. Сахара Групацијата најави дека првичните подготовки за реконструкција на хотелот “Славија” завршија, а градежните работи ќе започнат до крајот на месецов. Со ова, Групацијата покажа дека сè уште се активни и оперативни во Македонија, преку инвестирање во туристичко – угостителскиот сектор. Истовремено, тие најавија и нови вработувања.

“Сахара Групацијата е посветена кон своите инвестиции во Република Македонија, иако не беше во можност да ги оствари своите заложби во земјоделскиот сектор. Моментално се фокусираме кон туризмот и угостителството. Сахара моментално е поддржана преку своите канцеларии и оперативност во Скопје и Охрид, каде тим од 10 луѓе работи и наскоро ќе започне со регрутација на повеќе лица за своите бизнис активности”, е наведено во официјалното соопштение од компанијата, кое најави нов период исполнет со активности за канцелариите на Сахара Групацијата во Македонија

 

.Hotel Slavija Sahara 2

 

Хотелот “Славија” не е во функција повеќе години. Некогаш солиден и репрезентативен хотел за туристите, во текот на годините, ниеден од сопствениците не инвестираше во хотелот, со цел да го претвори во модерна и атрактивна градба на самата плажа на Охридското Езеро. Се досега. Сахара Групацијата најави дека веќе се ангажирани архитекти и дизајнери на ентериер, од Македонија, но и од тимот на дизајнери во Индија. Нивната задача е да го претворат стариот хотел со комунистички изглед во модерно ремек-дело, соодветно за секој кој сака да ужива во деновите поминати во Охрид. Договорите со изведувачите се веќе подготвени и потпишани, а официјалниот старт на градежните зафати се очекува во наредните седмици, со цел хотелот да биде подготвен за следната туристичка сезона.

Сахара планира да ги промовира хотелските капацитети за најразлични настани, од конференции до прослави.

“Сахара во секој момент ќе започне со реновирање и реконструкција на хотелот “Славија” во Охрид, кој беше купен во 2013 година. Проширувањето и реновирањето ќе биде изведено според планот на група архитекти и дизајнери на ентериер од Македонија, со поддршка на тимот за ентериер на Сахара од Мумбаи, Индија. Хотелот е дизајниран да биде првокласна туристичка дестинација, како и совршено место за светски конференции, корпоративни настани и венчавки”, изјави претставник на компанијата.

Како доказ дека Сахара Групацијата е посветена кон развој на инвестицијата, говори фактот дека Сушанто Рој го посети хотелот изминатово лето, со цел да го провери напредокот на подготовките за реновирање да се запознае со изведувачите. Во кратка изјава, Рој го искажа своето задоволство за првите, но цврсти чекори на овој проект во Македонија.

Публицитет.мк 

Посетеност: 125
Share
Previous Post

Македонката Елена Анѓеловска избрана за втора придружничка на Мис Глоуб (ФОТО)

Next Post

Таа толку го сака својот татко, што прекина воена парада за да го гушне

Next Post

Таа толку го сака својот татко, што прекина воена парада за да го гушне

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 125

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk