Изборот за убавица Мис Глоуб се одржал синоќа во Торонто, Канада. Ана Лорејн Колинс од Филипините е избрана за Мис Глоуб за 2015 година, додека нејзини придружнички се убавиците на Албанија, Македонија, Франција и Кина.
Македонската убавица Елена Анѓеловска е избрана за втора придружничка на изборот на Мис Глоуб, во конкуренција на 60 натпреварувачки од целиот свет.

Извор: mkd.mk






