• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, август 23, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тоа беа години

„Само ти“ – Платерс

ноември 21, 2018
in Тоа беа години
„Само ти“ – Платерс

Овојпат ќе се потсетиме на една прекрасна поп композиција која ја напишал Бак Рам во далечната 1954 година. Се работи за песната „ Само ти“ која доживеала голем број на изведби но најмногу успех доживеала онаа во изведба на составот „ Платерс“ со главниот вокалист Тони Вилијамс во 1955 година.

Интересно е да се спомене дека првата верзија која ја снимиле ви 1954 година била неуспешна.Но , новата верзија од 1955 година која била издадена на 3.јули.1955 година станала голем хит.Таа се искачила на првото место на американската Аренби  топ листа како и на првото место на листата  на Билборд. На топ листата останала цели 30 недели.

Вокалната група „ Платерс“ е формирана во 1952 година во Лос Анџелес.Групата доживеа неколку кадровски промени но ќе остане забележан оној во кој водечки вокал бил  тенорот Тони Вилијамс  со останатите четворица придружни вокали: Дејвид Линч, Пол Роби, Херб Рид и Зола Тејлор.Составот издаде 40 синглови  кои во периодот помеѓу 1955 и 1967 година  се најдоа меѓу 100 најслушани на топ листата на Билборд а меѓу нив и со четири хитови на местото број еден. „Платерс “беше една од првите афро-американски групи кои беа прифатени како главна вокална  група и беа, за одреден временски период, најуспешната вокална група во светот.

platers 1

Композицијата „ Само ти“ досега доживеала дури 144 разни изведби (кавер верзии) во целиот свет На својот репертоар ја ставиле голем број на познати интерпретатори но и големи оркестри. Само ќе споменеме дека оваа композиција на свој начин , меѓу другите, ја интерпретирале:Литл Ричард, Џејмс Браун, Карел Гот, Рој Орбисон , Ива Заники, Адријано Челентано, Џин Питни, Ринго Стар, Џони Метис, Џери Ли Луис, Рене и Ренато, Боби Соло, Дијана Рос, квартетот Голден Гејт, Луис Маријано….како и оркестрите на Франк Пурсел, Макс Грегор , Екер Билк, Реј Кониф…

Само ти можш да го направиш целиот свет да изгледа добро

Само ти можеш да ја осветлиш темнината

Само ти и самиот ти

Може да ме возбуди како тебе

И исполни моето срце со љубов само за тебе….

Се потсетуваме на овој без временски хит со изведбата на вокалниот состав „ Платерс“

 

Публицитет.мк 

 

Посетеност: 132
Share
Previous Post

Д-р Зоран Тунтев: На „Архангел Михаил“ заврши третата фаза од осветлувањето на „Богородица Перивлепта“

Next Post

Редок розов дијамант се продаде за рекордни 50 милиони долари

Next Post
Редок розов дијамант се продаде за рекордни 50 милиони долари

Редок розов дијамант се продаде за рекордни 50 милиони долари

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 132

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk