На 28 септември бендот „Само Тони и Две Жени“ го прославија третиот роденден од музичката и пријателската дружба.
Антонио и неговите две придружнички дојдоа на една оригинална и несекојдневна идеја и цело лето вредно работеа и се забавуваа. Еве на овој начин го најавија проектот од кој веќе во етерот од 35 песни во исто толку градови низ Македонија поминаа 20 песни.
-На прашањето што работеа „Само Тони и Две Жени“ цело лето, ќе ви одговоривме вака: -Поминавме 2870км (доволно пат за СЕШТО да ни се случи).
Се препотивме од патот, се каравме по патот, се исончавме по патот, банкротиравме од патот!!!
Влеговме во сите градови на Република Македонија (знаете колку градови има во Мк?
Пробавме од секој локален специјалитет, чунки, ние без јадење не се оставаме.
Препеавме онолку македонски песни колку што има градови во Македонија, со цел да докажеме дека постои добра МАКЕДОНСКА МУЗИКА и барем по едно место во секој град што заслужува да биде посетено.
За нашиот роденден на 28 септември, Ве почестивме со проектот кој со право го доби името „МУЗИКА НА ПАТ“… од град во град.
Прошетката им започна од Свети Николе
Секој ден, во наредните месец и кусур дена објавуваме по еден град/една изведба/еден дел од нашата музичка сложувалка – „Музика на Пат“
„САМО ТОНИ И ДВЕ ЖЕНИ“
Публицитет.мк