Во театарот „Ричард Роцерс“ во Њујорк се одржа музичкото шоу „Хамилтон“, а почесен гостин беше Сара Џесика Паркер.
Ѕвездата се појави на црвениот килим во лускузен вечерен фустан од колекцијата на Ели Саб. Прекрасниот фустан во смарагдна боја, украсен со вез и со светки го искомбинира со алки од злато и оникс и со елегантни обетки.
Идеално дополнување на романтичниот изглед беше нејзината фризура – долга пуштена коса со крупни кадрици. Главен акцент на нејзината шминка беше блескавата сенка на очните капаци, во боја соодветна на фустанот, додека карминот ѝ беше во неутрална нијанса.
Извор:Убавина и Здравје.мк