На сите страни знамиња,народ од цела Македонија доаѓа во Крушево.
Се оградува местото каде се поставуваат шаторите.
Неколку млади со своите гитари ја кршат тишината.Песни се редат,а сонцето полека заоѓа.За да не помине и овој Илинден без проблеми полицијата го заобиколува местото каде што се шаторите.Сите мислат дека тие се тука да го чуваат редот,но се излажаа.Полицијата имаше информации дека утре на Илинден, токму овие млади планираат нешто.Доаѓаат големи полициски сили.А од шаторите се слуша по некој лаеж и силно викање УААА..УААА….
Осамна и Илинден,мислам дека повеќе народ во Крушево немало.Реки народ доаѓаа од сите страни. Во себе си реков:Ех, како ќе им беше на Tурците тогаш ако видеа толку многу народ.Завршија свеченостите сите си заминаа,тргнавме и ние надолу,а едно дете и вели на мајка му:Мамо,сите овие беа наши!
-Да,сине!-му рече таа и слатко се насмевна.
Оттогаш поминаа многу години денес не мирисат на Илинден.
Повеќе мирисат на Цеци,на Аца Лукас,на Саша Ковачевиќ.
Жално,но сепак реално.Македонија е нападната од внатре. Ние немаме надворешен непријател.Сами ќе си се истребиме.
ЗА МНОГУ ГОДИНИ МАКЕДОНИЈО!
ЗНАМ КЕСИ, СЕДИСИ ТАМУ!
ОВДЕ Е ЗАНИГДЕ!
Сашо Бетоски – Вевчани
Статијата е објавена во целост без редакциска и јазична интервенција.
Објавените текстови во рубриката АРГУМЕНТИ ЗА … на „Публицитет.мк “ се лични ставови на авторите, а не се ставови на редакцијата.
„Публицитет.мк“ не сноси одговорност за изнесното во нив.
Публицитет.мк






