Светското првенство во фудбал Русија 2018 започна. Меѓу земјите учеснички и на овој Мундијал нема да биде присутна Македонија. Македонските љубители на фубалот ќе почекаат некоја друга прилика за да навиват и ги бодрат своите миленици. Засега ќе навиваат по свој избор за некоја друга репрезентација.
Меѓутоа низ 88- годишната историја на Светските првенства досега четворица Македонци го имаат почуствувано вкусот на светските првенства.
Прославениот македонски голман Благое Видиниќ беше дел од светските првенства на двапати но како селектор. Во 1970 година на СП во Мексико го предводеше Мароко додека четири гоодни подоцна на Мундијалот во Западна Германија седеше на клупата на Заир.
На СП во 1974 година како дел од фудбалската селекција на поранешна Југославија беше и еден од најдобрите македонски фудбалери Кирил Дојчиновски.
Во Италија 1990 година во сосатвот на Југославија имаше двајца фудбалери од Македонија.
Дарко Панчев и Вујадин Станојковиќ.
Панчев на мундијалот постигна и два гола со што стана и прв Mакедонец стрелец на едно Светско првенство.
Вујадин Станојковиќ исто така истрча на зелените терени во Италија.
Во друштво на овие македонски фудбалери кои играле на светските првенства се вбројува уште едно име МИЛЕ СТЕРЈОВСКИ.
Миле Стерјовски играше на светското првенство во Германија 2006 година во дресот на Австралија. Настапи на три средби.
Стерјовски кој имаше одлична кариера во Австралија но и меѓународна кариера за Сокерус одигра вкупно 43 натпревари постигнуваќи притоа и 9 голови.
Од плејадата познати фудбалери со македонско потекло во Австралија само Миле Стерјовски има настап на светско првенство со Австралија.
Автор: Васе Коцев, SBS