Граѓанската асоцијација МОСТ како набљудувач во изборниот процес, во Македонија смета дека преговорите за реформа на истиот мора да ги земат предвид меѓународните стандарди и компаративните искуства за изборите.
Токму во таа насока МОСТ во Скопје пред два дена одржа прес конференција на која го промовираше документот „Препораки за реформа на изборниот процес.“
„МОСТ од самото воспоставување на системот на гласање на дијаспората ги предвиде аномалиите кои се приустни во изминатите 20 години. Тоа се мал одзив, не можеби немањето желба или немање мотив од страна на нашите граѓани кои живеат во странство да гласаат, туку многу повеќе заради недостапноста до избирачките места. Во овој момент многу повеќе граѓани се оневозможени да го остварат своето право на глас од оние коишто живеат во странство, отколку што можат да гласаат. Во прашање е и тежината на гласот околу изборот на пратеник во Македонија и пратеник во странство, вели Дaрако Алексов – Извршен директор на МОСТ.
Во разговорот со нашиот известувач Милчо Јованоски, Алексов вели дека МОСТ никогаш не бил против тоа македонските иселеници во странство да не гласаат, тука како граѓанска асоцијација е со став да се суспензира гласањето само за претстојните избори, додека не се спроведат некои нови механизми за поедноставно и поефикасно гласање на дијаспората.
Со клик на линкот подолу слушнете го во целост разговорот со Дарко Алексов , Извршен директор на МОСТ
Извор: SBS на македонски