Личностите кои утрото го започнуваат со цигара, а пред тоа ништо да не јадат имаа поголем ризик од заболување од рак на белите дробови или усната празнина.
Ова го покажало истражувањето на американските научници во кое учествувале 2000 возрасни личности, пушачи.Истражувачите ја испитале крвта на испитаниците и притоа тие пополнувале анкети кои се однесувале на нивните животни навики, но и на навиките околу пушењето.Резултатите покажале дека дури 32% од испитаниците својата прва цигара ја палат веднаш по будењето или до 6-тата минута од своето будење, 31% од испитаниците првата цигара ја палат од 6-тата до 30-тата минута, 18% од нив ја палеле од 30-тата до 60-тата, а само 19% од нив чекале еден час за да ја запалат својата прва цигара.Учесниците кои својата прва дневна цигара ја палат веднаш по будењето имале највисоко ниво на отровни материи во крвта кои настануваат од цигарите. Ова е особено штетно за постарите лица, кај кој се оптеретува организмот дополнително.Научниците објаснуваат дека личноста која ја пали својата прва цигара рано, го вовлекува чадот од цигарата подлабоко и повеќе го задржува, што може дополнително да доведе до рак на белите дробови или усната празнина.Најдобро би било за пушачите да практикуваат пред првата цигара нешто да јадат и да му дозволат на организмот да се разбуди. Енергијата која ја има телото на човекот во утринските саати е многу важна, а истата се троши во првата утринска цигара, мошне битно за вашиот организам е да му дозволите правилно да се разбуди од сонот и активно да ја насочите енергијата која ја имате во утринските часови.Утринската цигара му прави шок на организмот и троши голем дел од енергијата што ја има акумулирано вашиот организам. Краток оброк би било најдоброто нешто што би можеле да го направите за вашиот организам пред да помислите на цигарата.
Извор: Битолска шема