Фудбалот е еден од најдобрите начини на комуникација.Тој е непристрасен, аполитичен и универзален. Фудбалот ги обединува луѓето во светот секој ден. Млад или стар, играч или гледач, богат или сиромашен – играта сите ги прави ЕДНАКВИ – изјави своевремено славниот германски фудбалер Франц Бекенбауер.
Таква е и инспиративната приказна за малиот Јане Велковски од Скопје кој боледува од спинална мускулна атрофија.
Иако врзан за инвалидска количка Јане живее со и за фудбалот и секој слободен момент го користи да игра фудбал со своите другарчиња.

Со клик на линкот подолу слушнете го во целост интервјуто со Јане
“Кога играм фудбал се чуствувам еднаков со сите и заборавам на се’ ” – знае да каже Јане.
Неговата инспиративна приказна беше вклучена и во кампањата на УЕФА
” EqualGame “. Тоа пак му овозможи и средби со познати фудбалски имиња.
На покана лично на познатиот Пол Погба беше гостин на Манчетсер јунајтед а го следеше и финалето од Лигата на Европа.
Малиот Јане минатиот викенд присуствуваше во Охрид на атлетската манифестација ” Охрид Трчат” каде покрај него учествуваа и други дечиња за подршка на децата со ретки болести а заедно со него на градскиот плоштад во организација на Лајонс клубот Лихнидос ден пред тоа неговите врсници играа фудбал и се забавуваа.

Милчо Јовановски ја искористи оваа можност за средба со Јане и направи разговор кој пред да оди на Публицитет.мк неговата приказна преку SBS на македонски се слушнa и во Австралија.
Публицитет.мк