• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
недела, септември 20, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

СДСМ – Охрид и коалиционите партнери во Советот на Општина Охрид со забелешки за новиот Буџетот на Општината

декември 26, 2015
in Тикер

Вчера по донесувањето на Буџетот на Општина Охрид за 2016 изјава даде д-р Јован Стојаноски, координатор на советничката група на ОО СДСМ Охрид и коалиционите партнери, во неа се вели: 

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со политиките “немаме за леб, а трошиме на чоколадо.”

И Буџетот за 2016 година ја одсликува катастрофалната економска состојба во којашто се наоѓа Охрид.  

Дека ВМРО-ДПМНЕ и Никола Бакрачески немаат развојна визија за Охрид, граѓаните веќе знаат.

Советничката група на СДСМ во континуитет ова го кажува и должни сме и денеска да истакнеме дека со Буџетот за 2016 година ништо нема да се смени.   Безидејноста на Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ продолжува и наредната година.

Наместо санирање на катастрофалната атмосферска канализација, со парите коишто општината ги доби од срамната продажба на атрактивни парцели, сопственост на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ и Бакрачески мораат да издвојат 72.000.000 денари за изградба и реконструкција на шеталиштето, кое се наоѓа во добра состојба.

Дополнително што Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ  не изградија фекална канализација на граѓаните на кои им ветија дека ќе изградат.

Според Буџетот за 2016  година, некои Урбани блокови во градот Охрид и дел од селата, урбанистичките планови ќе се финансираат на сметка на Буџетот на општината, а за други села и урбани блокови, граѓаните дополнително  ќе мораат да плаќаат за изработка на урбанистичките планови.

Ниту во програмите на Јавните претпријатија, не се гледа развоен пристап и остварување на она што Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ го ветуваа. Факт е дека за три години, Јавните претпријатија тонат во нови долгови.

„Дил ориентед“ политиките на Никола Груевски и виртуелните проекти, Охрид го ставија на првото место по бројот на иселени млади луѓе.

Времето на Никола Бакрачески и Никола Груевски помина.

Збогум Никола!

Центар за комуникации на  ОО СДСМ  – Охрид 

Посетеност: 154
Share
Previous Post

ТЛЕР – Охрид – Анализа и вреднување на туристичкиот производ на Охрид

Next Post

ВМРО ДПМНЕ со реакција на соопштението на СДСМ

Next Post

ВМРО ДПМНЕ со реакција на соопштението на СДСМ

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 154

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk