
Два дена по првиот круг од Локалните избори преку социјалните мрежи со соопштение се огласија и од ОО на СДСМ – Охрид. Во соопштението се вели:
СДСМ е повеќе од политичка партија. СДСМ е идеологија. СДСМ е семејство, во кое секој има свое место и каде за секого има простор да расте, да созрева и да се надоградува.
Да поставува свои прагови и да се бори за нивно остварување.
Да се биде носител на одредена функција предложена од партијата е особено задоволство и чест, но уште поголема одговорност и обврска.
Почитувани членови, симпатизери и поддржувачи на СДСМ, во неделата, на 17.10.2021 година, измина уште еден изборен циклус каде граѓаните имаа можност да го искористат своето право на глас во демократска и фер атмосфера, каква што доликува на модерна земја со европски вредности.
Во оваа прилика, раководството на ОО СДСМ Охрид и новите советници во Советот на општина Охрид, сакаат да им укажат голема благодарност на сите членови на ОО СДСМ ОХРИД кои учествуваа во изборната кампања и даваа свој личен и несебичен придонес за успешно завршување на истата.
Исто така, сакаме да им се заблагодариме на сите членови, симпатизери и поддржувачи за укажаната доверба која ја докажаа со гласот за бројот 12 и коалицијата Најдоброто за мојата општина.
Голема благодарност до Форумот на жени и Форумот на пензионери на ОО СДСМ Охрид.
Но исто така големата благодрност до ЛК СДММ Охрид.
Младите, во целиот процес покрај тоа што беа максимално и пожртвувано вклучени, покажаа дека имаат зрелост да преземаат големи обврски и одговорности.
Покажаа дека тие се моторот, силата и енергијата без која ниедна битка не може да биде добиена!
Продолжуваме посветено и заедно во нови борби, предизвици и победи, велат од ОО на СДСМ – Охрид.
Публицитет.мк







