• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
петок, август 1, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Uncategorized

СДСМ: По 15 јули нова, развојна македонска економија која обезбедува шанса за сите, а особено за младите

јули 6, 2020
in Uncategorized
СДСМ: По 15 јули нова, развојна македонска економија која обезбедува шанса за сите, а особено за младите

Драги млади, понудата на СДСМ и коалицијата „Можеме“ нуди нова македонска развојна економија, заснована на нови технологии, одржливост и човечки капитал. Модел што ги штити работните места на граѓаните, генерира повисоки плати и подобри работни места, вели во изјавата  Бојан Михајловски, член на ИО на СДММ Охрид.

 По победата на 15 јули носиме нова, развојна македонска економија која обезбедува шанса за сите, а особено за младите.

 

Во изминатите три години реализиравме голем број на мерки и политки со кои ја зголемивме понудата на работни места и го олеснивме патот до прво вработување на младиот човек. Стапката на невработеност кај младите денес изнесува 35,3% што е многу пониска од 2016 кога беше 48,6%.

Стапката на младинска неврабтоност до 2024 година  идната Влада предводена од СДСМ ќе ја донесе под 17 %. Тоа е речиси двојно пониска младинска невработеност од сега.

Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување  продолжува со рекорден буџет за оваа 2020 година од 1,3 милијарди денари.

Директна поддршка на  младинското и женското претприемништво, претприемништво преку грантови во висина од 5.000 до 15.000 евра.

ml

Обезбедуваме поврат на персонален данок за сите нововработени до 29 години во првите две години од работењето. Парите одат директно на сметките на младите.

Продолжува мерката за 3.000 денари месечен младински додаток во производството за вработени млади лица до 23 години со завршено најмалку средно образование.

Наша цел е севкупната невработеност да ја намалуваме за 3% годишно, со цел да стигнеме до едноцифрена стапка на невработеност на крајот на мандатот.

Стабилен раст, повисоки плати и шанса за сите, шанса за младите – тоа носи новата развојна македонска економија, тоа е економски патриотизам на дело.

Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не знаат економија, знаат само да ги крадат парите на граѓаните и да ги бркаат младите од државата.

 Додека СДСМ го реализира концептот Парите назад кај граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ е против секоја мерка со која парите одат кај граѓаните.

Затоа на 15 јули изборот е меѓу повисоки плати за сите или богатење на неколкумина блиски до Груевски.

На 15 јули изборот е меѓу рекорден износ на странски инвестиции или некој нов Субрата Рој.

На 15 јули младите, одбираат нова развојна економија, одбираат парите уште повеќе да завршуваат во нивните буџети, за да биде уште подобро за сите.

Гласајте за број три – МОЖЕМЕ уште повеќе, уште подобро!

Публицитет.мк 

Посетеност: 70
Share
Previous Post

Вечно благодарни на славниот Мориконе кој ја круниса уметничката вредност на Охридско лето

Next Post

Двоцифрен број на инфицирани со ковид-19 денеска

Next Post
Двоцифрен број на инфицирани со ковид-19 денеска

Двоцифрен број на инфицирани со ковид-19 денеска

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 70

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk