• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, ноември 10, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home На минување

Се чествуваше денот кога Блаже Конески станал прв претседател на Шаховски сојуз на Македонија

август 19, 2021
in На минување
Се чествуваше  денот кога Блаже Конески станал прв претседател на Шаховски сојуз на Македонија

На денешен ден, 19 август, пред 73 години Блаже Конески е избран за прв претседател на Шаховски сојуз на Македонија. По тој повод, а во чест на великанот, но и во чест на денот кога во македонската традиција се слави и Свето Преображение, денеска претпладне во шаховското паркче во Аеродром се одржа негово чествување, со песна, поезија и рецитации.

Пригоден збор кажа уметникот и хуманист Живко Поповски Цветин, шаховскиот велемајстор Димитар Илиевски, уметницата Нада Туреска ги претстави своите уметнички изработки- стилизирани стапови, поезија читаа Мендо Димовски и Валентина Ѓоргиевска Парго, додека велосипедистот и новинар Томислав Башевски откри дека во чест на професорот Конески неодамна возел преку стотина километри.

blaze copy

Она што беше значаен дел од програмата беа пејачките интерпретации на македонски етно песни на Ристана Рина Николова, која во своја музичка импровизација отпеа и песни од Конески, и пред се песната “Ружа”, а на нејзината шаховска табла стара стара 60 години се одиграа реми партии. На таа табла во училиштето во селото Шемшево некогаш шах играле наставниците Ташко Зоровски и Јумни Јунузи.

sah

Уметникот Цветин нацрта цветна азбука со буквите од македонската азбука, подари десетици цртежи и наслика цветна лента со стиховите на Конески, додека неговата цветна штафета што ја наслика Николова наскоро ќе ја однесе меѓу нашите во Канада.

Публицитет.мк 

Посетеност: 134
Share
Previous Post

Ново 30 лица заболени од корона во Охрид во земјава активни се 8675 случаи

Next Post

33. „Поетска ноќ во Велестово“ во знакот на Ристо Лазаров

Next Post
33. „Поетска ноќ во Велестово“ во знакот на Ристо Лазаров

33. „Поетска ноќ во Велестово“ во знакот на Ристо Лазаров

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 134

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk