Естрадните музичари кои секојдневно ги гледате по охридските хотели, ресторани и кафеани, но и по разни веселби во Охрид и Струга решија да се здружат и да си ги заштитат своите права.Во дописот испратен до нашата редакција се вели:
Пред два дена се одржа основачко Собрание на здружението на музичари на Охрид и Струга “Охридски музички еснаф“. На собранието присуствуваа 76 музичари ( делегати ) и беа избрани органите и телата на здружението.
Донесенeни беа Статут и Програма за работа за 2018 година и беше конституиран Извршен одбор од 30 членови, претставници на музички групи и самостојни уметници. За прв претседател на новото здужение присутните го избраа Игор Бежаноски.
Главна цел на Здружението според претседателот Бежаноски е тоа активно да се вклучи во креирањето на културните збиднувања во општините Охрид, Струга и пошироко.
Здружението, како што стои и во донесениот Статут ќе делува во насока на заштита и промоција на охридската староградска музика.
На основачкото собрание одржано во салата на Општина Охрид беа донесени и одлуки преку кои се очекува да се заштитат правата на музичарите и да се унапредат условите за работа на еснафот.
Публицитет.мк