Од 16 до 19 јуни во организација на Извидничкиот одред „Пионер“ од Охрид, на просторот од Извидничкиот центар се одржа третиот по ред извидничко-младински забавен камп насловен како “Camping Fun – Ohrid 2016”
Учествуваа вкупно 135 извидници и младинци од Охрид,Струга,Кичево,Прилеп и Скопје.
Годинешниот “Camping Fun – Ohrid 2016” претставува најголем собир на деца и младинци,пред се извидници од Р.Македонија кој што се организирал во Охрид во изминативе неколку години на отворена сцена. под ведро небо на брегот од Охридското Езеро.
Имено, учесниците во периодот од четири дена имаа можност да се запознаат меѓусебно, да соработуваат,да се натпреваруваат и да споделат животни искуства собрани од местата на живеење ширум нашата Татковина.
Во претпладневните часови на кампот беа спроведени натпреварувачки дисциплини на вода и копно,учесниците имаа можност да ги покажат своите вештини во пливање,веслање и игри на спретност на полигон, на плажа,а додека во вечерните часови на отворена сцена преку културно-забавна програма се одиграа неколку театарски претстави,се изведуваа музички точки,се проверуваше стекнатото знаење преку разни квизови и секако се нижеа незаборавни стихови покрај логорскиот оган.
Првите места ги освоија екипите на ИО.„Феникс“ од Прилеп,вторите места екипите на ИО.„Мирко Милески“ од Кичево и ИПО „Крсте Јон“ од Струга,третите места екипи од ИПО „Јадран“ од Скопје и ИО.„Феникс“ од Прилеп.
Публицитет.мк