Денес прекрасно изгледаше плоштадот во село Белчишта, каде што во предвечерието на празникот на Сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј се одржа традиционалниот училишен атлетски крос “Дебрца 2019”, на кој општина Дебрца и градоначалникот Зоран Ногачески беа покровители.
-Глетката беше несекојдневно убава , а сите бевме лични затоа што атлетиката е кралицата на спортовите и се надевам еден ден и од одовде ќе се роди некој европски, светски, олимписки атлетски шампион.
Денес некои беа најдобри и добија заслужени награди, ама денес победивме сите, денес победи младоста и иднината на Дебрца.
И тука не застануваме. Продолжуваме и на претстојната манифестација “Охрид трчат” Дебрца ќе трчат во тимот на и за лицата со ретки болести.
И секогаш спортувајте. Спортот е здравје, порача градоначалникот Ногачески.
Публицитет.мк