
Нуркачкиот центар „Акватек“и Здружението за екологија и туризам „ЕКОТУРИЗАМ-2016″ од Охрид изведоа подводни активности за разоткривање на тајните на Белчишкото Блато.

Најголемото блатно езерце Сино Дувло крие многу природни особености кои допрва треба детално да се проучат. Со нуркањето е утврдено присуство на бројни подводни карстни извори кои го хранат со вода, речиси исти како Светинаумските извори од езерцето формирано од истекот на Црн Дрим.


-Богатството со вода е надополнето со рибна фауна, а од снимките се препознаваат јата кленови. Низ шуплините од камењата има мали рипчина – писи и голема концентрација на мали ракчиња. Измерена е длабочина од околу 4 m, а вишокот вода се прелева во евловата шума која доминира во блатото и е најголема по површина во нашата држава. За жал, како и во Охридското Езеро, и од Сино Дувло извадивме делод човечката неодговорност – една метална рамка од велосипед. Своето место ќе си го најде како сувенир во нашата колекција, велат од „Акватек“ и од „ЕКОТУРИЗАМ-2016“ од Охрид.
Публицитет.мк







