
Наставен кадар од Основното училиште „Свети Климент Охридски“ од Битола денеска беа во посета на збратименото училиште „Григор Прличев“ од Охрид.
-Денес имавме чест да не посетат колегите од нашето збратимено училиште од Битола, ОУ „Св. Климент Охридски“ и нивните гости од проектот кој што моментално го релизираат “What’s next” од Еразмус + програмата. Драго ни е што со ова училиште имаме плодна соработка и заеднички идеи чија реализација започнува наскоро, велат од ОУ „Григор Прличев“ Охрид.

Публицитет.мк






