Денеска во Охрид ќе се одржи Седмиот конгрес на Синдикатот на хемија,неметали и метали на Македонија.
Според актуелниот лидер на овој синдикат Зоран Мироновски делегатите ќе расправаат за состојбите во оваа област и вкупно во синдикалното движење, а најверојатно ќе се донесат и нови насоки за делување во иднина.
Синдикат е потписник на колективниот договор за регулирање на правата и обврските на социјалните партнери во оваа област.
Хемиската индустрија во Македонија е една од најразвиените, а македонските хемиски производи покриваат значаен дел од извозот на производи во странство.
Публицитет.мк