На наша покана овој викенд изборот на цитати и дела и’ го препуштивме на колешката, новинарката Росица Голабоска од Охрид, која професионално е врзана со Алфа ТВ.
Се сетивме на неа и нејзиниот темперамент и упорноста после секоја ново прочитана книга без трунка мрзеливост, туку доблест да ја сподели трајната убавина на социјалните мрежи, особено преку нејзиниот фејсбук профил.
Ние што ја познаваме, ја знаеме како ведра и секогаш расположена за шега на туѓа, ама и на своја кожа.
Нејзината остроумност и критичност, сообразена со нејзината стара охридска жичка ( потекло) , се чувствува во нејзините статуси, ама и во нејзините професионални текстови.
Уживајте во нејзиниот избор.
Потрудете се да ја фатите и осознаете убавината на пишаната реч, која сега или можеби утре ќе ви го промени погледот на светот.
Росица ти Благодариме!
Росица Голабоска, новинар -дописник АЛФА ТВ
Зборовите се како толпа луѓе, не е нужно да се знаат сите – за себе одберете ги само оние вистинските. Од илјадниците цитати кои сум ги запаметила или запишала,не дозволувајќи си себе си да ги заборавам, за вашата рубрика „Во потрага по трајната убавина“,ги издвоив следните:
1.“Времето кое одминува, ќе те навикне на разделбата.Ќе научиш да се сеќаваш, а сеќавањето е исто како средба…Ќе ги засакаш спомените.
Како што дел од тебе им припаѓа на пријателите, така и тие тебе ќе ти го даваат најдоброто од себе си.
На крајот ќе осознаеш дека ти се криеш помалку во секој од оние што некогаш си ги љубел. Еднаш ќе мора да дадеш СЕ, без да кажеш дека те боли.Ќе научиш да сонуваш,да лекуваш со допир..Да задаваш мала, за да ја ублажиш големата болка.
Доблест е да постапуваш онака како што ти вели срцето и душата. Биди задоволен и среќен сега, не во име на иднината,не од сеќавањето на минатото,туку заради овие мигови сега,секој дел од тебе да зрачи со живот.
И покрај тоа што неизмерната љубов која ја чувствував кон тебе ме направи несреќна и покрај тоа што знам дека ако те љубев помалку –твоето заминување помалку ќе болеше, помалку ќе болеше ако не те љубев ни најмалку ..Сепак, кога би можела повторно да бирам, не би се одрекла од нити еден миг,полн занес,кој го поминав со тебе. Нека биде благословена секоја болка која ја доживеав заради таа љубов”
(извадок од писмата кои Кнегињата Милица му ги праќала на Царот Лазар)
2. ,,Невозможно е да се инаетиш со срцето.Ти давам можност да ги прочиташ моето срце и душа.Ако сакаш вречно да ме задржиш,покажи ми пријателство исто колку и љубов и продолжи да ме сакаш и да ми ја кажуваш вистината”
(од љубовните писма на Катерина Велика до Потемкин)
3..“ Колку подлабоко тагата копа во Вашето битие толку повеќе радоста може да се собере во него.
Не ли е стомната што го држи Вашето вино истиот сад согорен во фурната на грнчарот?
И не е ли флејтата што го ублажува Вашиот дух истото дрво што било продупено со сврдли?
Кога сте радосни, погледајте подлабоко во Вашето срце и ќе најдете дека тоа ви ја дало тагата што ви ја дава радоста. Кога сте исполнети со тага, погледајте повторно во Вашето срце и ќе видите дека вие навистина плачете за она што радост ви било.“ – Калил Џибран
4..“Не руши ги сите мостови, можеби ќе се вратиш.Не си птица нити пеперутка крај брегот што лета, кога нема мостови, залудно е да мечтаешмчезнееш, залудно посакуваш. Не руши ги сите мостови, можеби ќе се вратиш.Остави барем еден мост помеѓу мене и твоето срце. Во самотијата – несватливото, полесно се сфаќа,можеби спомените ќе те вратат назад.
4.Ништо човек не може да изгуби, што следната пролет не може да му го надополни. Се додека Бог дава заборавот да ја лекува душата, а пролетта да ја обновува земјата,никој нема да биде трајно несреќен “ – Иво Андриќ
5. . “ Не плаши се – велам.
Те љубам – велам.
Никој не ни може ништо – велам
и чувствувам како господарам со светот…“
М. Селимовиќ
6.“ Ако носиш нешто неизречено, нешто што те притиска и пече, закопај го во длабока тишина – Тишината сама ќе го рече. Она раѓа исти наслутувања, тивко бодри и тивко нажалува и еднакви мисли, доживувања, во срцето и умот распалува.
Времето е бесплатно, но не е бесценето.Не пожелувај, туку остварувај го она за што мечтаеш. Никогаш не знаеш колку брзо, е премногу доцна !Времето “невреме”, вистинско е време.”- Ацо Шопов
7.. ,,Да не страдаш од нешто? Да, од биење на срцето.‘‘ – Прличев
8. “ Љубовта која ја даваме е единствената љубов, што ни останува. Незрелата љубов вели : Те љубам, бидејќи ми требаш. Зрелата вели: Ми требаш, затоа што те љубам “- Е Фром
9.“ Надежта е сон на разбуден човек …! “ – Аристотел
10.Тивок е оној што љуби, само празниот сад одзвонува “– Шекспир
11..” Човек во одреден период од животот треба да најде начин да се ослободи од лудостите, предрасудите, погрешно наметнатите мислења, кои ги прифатил како свои.Но, за да продолжи напред – треба добро да погледне што носи во себе, се додека не го слушне сопствениот внатрешен глас.Така ќе научи да вреднува, оставајќи ги зад себе сите оние кои не заслужуваат да ве гледаат во очи ! “– Чехов
Меѓу полиците книги не наоѓаме ништо за нас, нити за луѓето околу нас.На страниците е испишан живот – но не нашиот. Смеата, тагата, убавите мигови, несреќите кои не следат се запишани само во нашите животни приказни. Но,можеби и во Вас некој ќе открие човек кој не се плаши од емоции, ќе чуе зборови што значат топлина и срце полно со љубов.
Читајќи, некогаш ќе наидеме на приказна во која без оглед дали е вистината или не-ќе се препознаеме, а тоа ќе не натера барем за миг да се замислиме. Не сакам да ја откривам содржината,но ова се дела кои длабоко се чувствуваат.
Оние кои сакаат да прочитаат нешто убаво, само мал дел од книгите што мене ми оставило силен впечаток:
Папата Јована – Дона Вулфолк Крос.
Под мермерното небо –Џон Шорз
Сите соништа на светот – Тереза Ревај
Белата Светлина во Париз – Тереза Ревај
Неподнослива леснотија на постоењето-Милан Кундера
Игра на ангелите-Лилјана Ѓуровиќ
На Балканот и дождот мириса поинаку-Гордана Куиќ
Катедралата на морето-Илдефонсо Фалконес
Невеста во Борџии-Џин Калогридис
Илјада неверојатни сонца- Халед Хосеини
И планините одекнуваат-Халед Хосеини
Ловец на змејови-Халед Хосеини
Златното лале-Розалинд Лејкер
Дувачот на стакло од Муарно-Марина Фоиранто
Росица Голабоска за Публицитет.мк