Понекогаш потребно е да ја согледаме вистината за да пораснеме, станеме подобри личности, корисни, успешни и посреќни во животот.
А, очите треба да ги отвориме за неколку работи.
7 сурови вистини кои треба да ги прифатиме:
1. Никој не е толку зафатен за да не ви одговара на повиците
Никој не е толку зафатен, секој може да најде барем една минута во животот, слободно време да ве слушне. Ако не можете да добиете некого тоа најчесто е затоа што свесно не сака да ве слушне.
2. Секој човек ги става сопствените интересни над туѓите
Без разлика колку личноста е несебична и се грижи за вас и вашите потреби, кога се во прашање личните потреби, тие секогаш ќе бидат на прво место.
3. Никогаш нема да ги задоволите сите
Ако се обидувате да ги задоволите сите потреби кои ги имаат луѓето околу вас, ќе се претворите во безживотна, безлична и бесчувствителна будала. Сериозно, не можете да ги направите сите среќни.
4. Светот апсолутно ништо не ви должи
Можеби сте најдобри, најпаметни и најинтересни, но ако не сакате уште да работите на себе и да се развивате, ништо нема да постигнете.
5. Наоѓате оправдување за секое ваше однесување
Можете да го потрошите целиот ваш живот и да се жалите дека немате пари, време, сила или услови за исполнување на сите цели, но со таквото оправдување, дефинитивно нема ништо да постигнете.
6. По делата се познавате
Можете да седите и да сонувате за работи, но сè додека не станете и не почнете соништата да ги претворате во реалност, истите немаат никакво значење.
7. Никој нема да дојде и да ве спаси од сопствениот живот
Кога не сме задоволни, ирационално се надеваме дека некој ќе дојде со магично стапче и ќе ни ги реши сите проблеми, но реалноста не е таква.
Извор: www.crnobelo.com