63. ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ ВО САН СЕБАСТИЈАН (18 – 26. септември .2015)
Меѓународниот филмски фестивал Сан Себастијан се одржува секоја година во септември во Сан Цебастијан во Баскија. Од неговото формирање во 1953 година тој се етаблира како еден од најважните филмски фестивали во светот . Тој воедно е еден од 14 те филмски фестивали од таканаречената А листа на фестивали според критеријумите на Меѓународната федерација на здружението на филмски продуценти (ФИАПФ) .Овој фестивал бил домаќин на неколку значајни настани од историјата на филмот ,како што се меѓународните премиери на филмовите „ Вртоглавица“ на Алфред Хичкок ,кој присуствувал на фестивалот, „Мелинда и Мелинда“на Вуди Ален како и европската премиера на „ Војна на ѕвездите“.Актери и режисери како Бет Дејвис, Глорија Свансон,Грегори Пек, Глен Форд, Елизабет Тејлор, Одри Хепберн, Чарлтон Хестон, Роберт де Ниро, Мерил Стрип, Ричард Гир, Мајкл Даглас, Кетрин Зета Џонс, Мел Гибсон, Деми Мур, Наоми Вотс и Бред Пит …биле присутни на овој фестивал од неговото основање па се’ до денес.Сан Себастијан е првиот фестивал на кој присуствувал контроверзниот Роман Полански и фестивал кој преставувал клучен елемент во унапредувањето на професионалните кариери на култните Френсис Форд Копола и Педро Алмодовар.Во контекстот на меѓународни фестивали, Сан Себастијан, кој има еден од најниските буџети, е етаблиран како еден од најважните во Шпанија но и во земјите од Јужна Америка каде се говори шпански.
Годинешното 63 .издание на овој фестивал ќе се одржи во периодот помеѓу 18 и 26 септември.На фестивалот ќе бидат прикажани голем број на филмови такаречи од сите страни на светот .Сите тие ќе бидат поделени во дури 16 различни програми почнувајќи од официјалната селекција која содржи 21 филм од кои 18 ќе се натпреваруваат по главната награда за најдобар филм Златна школка.Фестивалот ќе биде отворен со филмот „ Регресија“ на познатиот чилеански режисер и сценарист Алејандро Аменабар во кој главните улоги ги толкуваат младата актерка Ема Вотсон и Итан Хоук.Филмот ќе биде прикажан надвор од конкуренција по награди.На затворањето на фестивалот ,на 26 септември, ќе биде прикажан англискиот филм „Патот за Лондон“ на режисерот Руфус Норис.Инаку во трката по главната награда ќе се натпреваруваат филмови кои доаѓаат од Велика Британија, Шпанија, Франција, Кина, Аргентина, САД, Белгија, Канада,Грузија , Исланд, Луксенбург…Интересно е да се спомене дека меѓу нив има и еден цртан филм кој доаѓа од Јапонија. Се работи за филмот „ Детето и ѕверот“ на режисерот Мамуру Јошида.Од останатите програми ќе ги споменеме уште и програмите „Нови режисери“ која содржи 14 филмови, „Латински хоризонти“ во чии рамки ќе бидат прикажани 14 филма од најновта продукциа од Латинска Америка каде се говори шпанскиот јазик, потоа програмата „Забалтеги“ која исто така е натпреварувачка и во чии рамки ќе бидат прикажани 24 филма, „ Мејд ин Шпанија “ со филмови од мошне продуктивната шпанска кинематографија, „ Диво Кино“ со избор од 8 филмови, програмата „ Бисери“ со избор на 14 филмови кои биле прикажани на некој од фестивалите во оваа 2015 година, потоа филмови за деца и многу други на задоволство на бројната публика. За вистинските филмски сладокусци во рамките на специјалната програма именувана како „ Нов јапонски независен филм “ ќе бидат прикажани 35 јапонски филмови од најновата јапонска продукција.
Освен главната награда Златна школка, се доделуваат и наградите Сребрена школка за најдобра режија,најдобра машка и најдобра женска улога,најдобар кинематографер и најдобро сценарио. Посебен интерес кај публиката предизвикува наградата за животно дело именувана како „ Доностија “ која се доделува од 1986 година. Досега со оваа награда се закитиле навистина голем број на познати филмски ѕвезди почнувајќи од првиот добитник Грегори Пек во 1986 година па се’ до Дензел Вошингтон и Бенисио дел Торо во изминатата 2014 година.
36. ИФФК „БРАЌА МАНАКИ“ БИТОЛА (18 – 27 .СЕПТЕМВРИ. 2015 )
Такаречи паралелно со одржувањето на фестивалот во Сан Себастијан , во Македонија ,поточно во Битола ќе се одржи Интернационалниот фестивал на филмската камера „ Браќа Манаки“ по 36 пат. Оваа година фестивалот кој ќе се одржи во периодот помеѓу 18 и 27 септември има неколку новини по кои се разликува од предходните 35 изданија.Најпрвин , фестивалот има нов директор, Димитар Николов, по двата мандати што мошне успешно ги одработи актерката Лабина Митевска. Втората новост е времетраењето на фестивалот кој сега ќе трае цели 10 дена. Од оваа година наместо две ќе се доделуваат три награди за животно дело и конечно фестивалот ќе биде збогатен со неколку нови филмски програми.
Да се потсетиме, Интернационалниот фестивал на филмската камера “Браќа Манаки“ е првиот и најстар светски филмски фестивал посветен на креативноста на светските кинематографери. Започна во 1979 година по иницијатива на еден од главните основачи – Друштвото на филмските професионалци на Македонија (кое годинава ја одбележува и својата 65-годишнина),а во соработка со градот- домаќин Битола и Кинотеката на Македонија. Основан е во чест и како инспирација од пребогатиот фотографско-филмски опус на браќата МАНАКИ: Јанаки (1878-1954) и Милтон (1880-1964, кому воедно оваа година ќе му бидат одбележани и 135 години од неговото раѓање). Со тоа природно биле удрени темелите на идниот фестивал, во градот под Пелистер, Градот на конзулите – Битола, каде што браќата Манаки имале фотографско студио и кино.
На почетокот замислен како Манакиеви средби, а потоа и фестивал на филмската камера на ексјугословенските кинематографери, фестивалот растеше со голем потенцијал, а по независноста на Република Македонија, прогласена на 8 септември 1991, прерасна во Интернационален фестивал на светските кинематографери, чии играни филмови се во конкуренција за трите фестивалски награди:Златната, Сребрената и Бронзената камера 300.
На неодамнешната прес конференција одржана во Скопје ,беа објавени имињата на тројцата лауреати на Наградата за животно дело „ Златна камера 300“.Имено, за првпат во долгата историја на фестивалот, дури три светски имиња ќе се закитат со најголемата награда на Фестивалот на филмската камера. Така во клубот на великаните на фестивалот ќе влезат кинематограферите Јаромир Шофр,Ришард Ленчевски и Божидар – Бота Николиќ.Сите тројца ,според зборовите на директорот на фестивалот Николов,тие дале огромен придонес во развојот на филмската уметност и естетика на просторите на Централна или Источна Европа ,секој на свој начин и со свој специфичен визуелен јазик.
Уметничкиот директор на Фестивалот, Благоја Куновски-Доре правејќи краток осврт кон кинематограферските величини ќе рече дека , Шофр е од редовите на, со традиција, богатата чешка кинематографија кој со Фестивалот во Битола има претходни значајни врски: во 2000 година беше претседател на Интернационалното жири, а во 2007 година ја доби Златната камера 300 за филмот ’Му служев на англискиот крал‘.Ришард Ленчевски е еден од големата плејада полски кинематографери – лауреати на Фестивалот. Тој е меѓу најнаградуваните во аналите на ’Браќа Манаки‘, со учества во главниот натпреварувачки дел, со досега освоени три награди: ’Златна камера 300‘ во 2001 година за ’Последното прибежиште‘, ’Бронзена камера 300‘ за филмот ’Моето љубовно лето‘ во 2005 година, и ’Сребрена камера 300‘ во 2014 година за, со Оскар закитениот, ’Ида‘. Сите три филма се во режија на Павел Павликовски. Додека, Божидар-Бота Николиќ не е избран за лауреат само заради тоа што доаѓа од соседна земја, ами затоа што заслужува да биде во клубот на великаните.
Селекторот на главната програма Куновски на посочената прес конференција објави и тоа дека Ленчевски (како претседател) и Николиќ (како член) ќе бидат дел од меѓународното жири, заедно со: Ерџан Кесал (сценарист и актер од Турција), Хајет Бенкара (продуцентка и организатор на светски фестивали) и македонскиот режисер и сценарист Митко Панов. Неговиот филм „Со кренати раце“ е добитник на „Мала златна палма“ во Кан, и е меѓу десетте најдобри кратки филмови во историјата на филмот.
Годинешниот фестивал ,чиј слоган е „Филмот е убав“, содржи неколку филмски програми како што се :Официјална програма,документарна програма,,Мак поинт,Краток филм, Вип детска програма која ќе оди со слоганот „Големо платно голема разлика“,Студентска програма, Програма ЕФА но и двете нови програми „Нов европски филм “ и „СЕЕ камера“ кои ќе имаат и свои награди.Така, најдобриот режисер и кинематографер во „Нов европски филм“ ќе ја добијат наградата „Бона Деа“, изработена според оригиналната скулптура пронајдена на Хераклеја а најдобриот во програмата „ СЕЕ камера “ ќе се закити со статуетката „Златен Манаки “која е инспирирана од новото лого на фестивалот. Годинава ќе бидат промовирани и два нови тематски пристапи кон филмот. Едната е „Земја во фокус“, а тоа ќе биде Мексико, а другата е во соработка со реномираниот агент за продажба од Франција „Вајд“, програма на провокативни светски дела на млади автори од целиот свет наречена „Ај он филмс“
Овие денови треба да биде објавена и конечната програма на филмовите кои ќе бидат прикажани на годинешниот фестивал како и списокот на гостите кои ќе дојдат во Битола. Дали ќе продолжи и понатака востановената пракса од изминатите неколку години фестивалот да го отвори или затвори некој најнов домашен филм и на него да присуствува некоја голема филмска ѕвезда ,останува да почекаме и да видиме. Инаку новиот директор на фестивалот на прес конференцијата истакна дека сите македонски филмови кои треба да излезат со премиери годинава биле поканети да учествуваат на фестивалот и дека за нив има место во програмата.
На фестивалот во Битола на 19. септември,своја премиера треба да доживее документарно играниот филм кој говори за периодот пред и по Букурешкиот Договор ,на нашиот сограѓанин режисерот Илија Пиперкоски.
53.ЊУЈОРК ФИЛМ ФЕСТИВАЛ (25. септември – 11.октомври.2015)
Филмскиот фестивал во Њујорк за првпат бил одржан во 1963 година во организација на филмското здружение на центарот Линколн. Овој ненатпреварувачки фестивал,понекогаш именуван и со кратенката НЅФФ, е основан од страна на Амос Вогел и Ричард Роуд.Сегашен директор на фестивалот е Кент Џонс кој воедно е и председател на комитетот за избор на филмови во кој се вклучени уште четири члена кои се занимаваат со филмска дејност.
Годинешното издание на овој фестивал нуди мошне интересна филмска понуда прераспределена во неколку програми од кои најинтересна е главната програма со 26 филмови од најновата светска продукција.Фестивалот ќе биде отворен со филмот „Прошетка “ на познатиот режисер Роберт Земекис. Филмот всушност на фестивалот ќе ја доживее својата светска премиера.Новиот филм на Земекис преставува пеиказна за Филип Петит ,чиј лик го игра актерот Џозеф Гордон -Левит,и неговата прошетка меѓу кулите близначки на Светскиот трговски центар во Њујорк.На фестивалот ќе биде прикажан и долго очекуваниот трилер за студената војна на режисерот Стивен Спилберг „Мост на шпијуни“во кој главната улога ја толкува Том Хенкс.Тука е и филмот на Дени Бојл „ Стив Џобс“ и Дон Чидл „ Миља понапред“.
Посетителите во рамките на документарната програма ќе можат да уживаат во документарниот филм кој говори за фотографот Роберт Франк „ Немојте да трепнете:Роберт Франк кое преставува дебитантско дело на Лора израел.Остатокот од годинешната селекција го сочинуваат филмови кои веќе го живеат својот фестивалски живот и на други фестивали низ целиот свет вклучувајќи го и новиот филм на Мајкл Мур „ Каде да се нападне следно“, лезбиската драма „ Керол“ со Кејт Бланчет во главната улога,романтичната комедија на ребека Милер „ Планот на Меги3 и комедијата на Мајкл Гондри „ Микроби & бензин“.
Ѓоко Симјаноски /Публицитет.мк