Истакнати научни работници и филозофи од Велика Британија, Русија, Македонија, Србија и Хрватска деновиве се собраа на Првиот меѓународен филозофски дијалог: исток-запад на тема „Наука и религија“.
Организатори на настанот беа Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“, МАНУ и Филозофско друштво на Македонија.
Првиот работен дел се одржа во Македонската академија на науките и уметностите. Во четвртокот дијалогот продолжи на Славјански во Свети Николе, а вчера 4-ти септември во Охрид.
Во хотелот „Гарден“ каде што се водеше плодната дискусија и каде беше договорено догодина науката и релегијата да се следат од аспект на правото „Публицитет.мк“ во рамките на почетната соработка со Славјанскиот универзитет направи разговор со ректорот на универзитетот проф. д-р Душан Николовски. Освен за научниот дијалог во аудио разговорот – поставен подлу ќе можете да се запознате со поставеноста на универзитетот и предностите што ги нуди.
Со клик – слушнете го разговорот со ректорот д-р Душан Николовски
М.Ј /Публицитет.мк