Патот од Трпејца до Отешево бара поголемо внимание!
-Дали треба некој возач да ја изгуби контролата над возилото и да слета во провалијата од неколку стотици метри, па надлежните да се сетат дека треба да се постави заштитна ограда!? Што ако тоа му се случи на возач на автобус со 50-70 патници!? Прашува нашиот постојан читател Мишо Јузмески кој фотографијата ја испрати до редакцијава, ама ја има споделено и на сопствениот фејсбук профил.
Патот е раскопан, обраснат со вегетација, нема ограда на опасните места…, рекоа за Публицитет.мк и други лица кои деновиве го кратеа патот низ неповторливата природа на Галичица и двете езера: Преспанското и Охридското.
– Потребна е максимална внимателност, а руинираната сообраќајница не му дава никому да ужива во возењето и глетките, додаваат нашите соговорници.
Предупредување за возачите а надлежните нека го сфатат овој прилог само како потсетување за тоа што треба да сторат за да ја подобрат вкупната безбедност на учесниците во сообрќајот.
Публицитет.мк






