Од 7 до 11 oктомври во хотел „Далјан“ во Охрид ќе се одржи Меѓународниот младински шаховски турнир.
Организатор на турнирот е шаховската школа „Ласкер“. На турнирот ќе земат учество шахисти на возраст од седум до осумнаесет години. Досега се пријавени 64 учесници од 5 шаховски федерации.
Најбројна е македонската федерација со 45 деца, бугарската ја преставуваат 11, од Србија доаѓаат две деца, додека Албанија и Турција имаат по тројца натпреварувачи.
Организаторот- шаховската школа ЛАСКЕР обезбеди 15 парични награди со вкупна вредност од 26.000 денари, пехари и медали за победниците и освојувачите на награди по категории, како и пригодни подароци за сите учесници.
Турнирот ќе се одвива според правилата на светската шаховска федерација – ФИДЕ.
Публицитет.мк