Управител на една плажа на југот од Шпанија се нашол на удар на јавноста откако наредил крајбрежјето да се испрска со разредена варикина заради дезинфекција и заштита на населението од корона вирус.
Весникот „Гардијан“ наведува дека одлуката за ваквиот потег е донесена во рамките на подготовките на мерките за ублажување на карантинот за децата кои шест седмици поминале во изолација.
На тракторите со прскалки кои се движеле вдолж крајбрежјето на плажата и распрскувале разредена варикина најостро реагирале борците за заштита на животната средина. Според нив, попрскувањето со ова средство убива се што има на плажата.
Признавајќи ја грешката, управителот на плажата рекол дека тоа го направил со најдобри намери и оти сакал само да ги заштити децата.
Публицитет.мк