• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
четврток, јули 31, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Омнубус

„Скопски разговори“ од Свето Стаменов и Милан Јазбец

јуни 30, 2021
in Омнубус
„Скопски разговори“ од  Свето Стаменов и Милан Јазбец

Од печат штотуку излезе книгата „Скопски разговори“ на Свето Стаменов, новинар на Македонското радио – Радио Скопје и познат македонски публицист, и проф. д-р Милан Јазбец, донеодамнешен амбасадор на Република Словенија во Република Северна Македонија, еден од најпознатите словенечки дипломати, универзитетски професор, писател и поет. 

Книгата претставува своевидна збирка од 20 радио – интервјуа реализирани во рамките на редовните програми „Актуелно“ и „Радио спектар“ на Македонското радио – Радио Скопје од март 2018 до август 2020 година, односно во еден од несомнено најинтензивните периоди во македонската внатрешна и надворешна политика, исполнет со многу предизвици и искушенија како на внатрешно – политички, така и на меѓународен план. Впрочем, тоа е периодот на македонската демократска трансформација, на забрзано отворање кон светот како резултат на новата македонска надворешна политика и на интензивирање на македонските евро и евроатлантски интегративни процеси, кои во март 2020 година резултираа со полноправното членство на Република Северна Македонија во НАТО – сојузот. Амбасадорот Јазбец не само што беше непосреден сведок, туку и активен учесник во некои од тие историски  процеси, па затоа со полно право може да се каже дека „Скопски разговори“ се и своевидно сведоштво, па дури и беседа на еден странски амбасадор (во случајот словенечки) за промените во македонската надворешна политика, за развојот на македонско – словенечките односи, за активностите на словенечката амбасада и, во тие рамки, и за самата негова работа како амбасадор на пријателска Словенија.

             Дел од интервјуата се посветени и на литературното творештво на Милан Јазбец и на неговата активност како промотор на тнр. културна дипломатија и на развојот на македонско – словенечките културни врски, за што најдобро говорат престижното Почесно Рациново признание за афирмација на македонската култура и јазик во странство за 2019 година и македонските изданија на неговите дела „Мартин Крпан – дипломат и воин“, „Виножитото над душата“ и „Сјајна ѕвезда со лавовска грива“. Покрај тоа, неговите скопски години беа одбележани и со голем број културни настани во кои тој беше активен учесник, но и со голем број авторски текстови и есеи. Токму затоа и вториот дел на „Скопски разговори“ е посветен на неговите скопски есеи, во кои доминираат есеите за првата македонска поетеса Даница Ручигај, за уметниците Јоже Циуха и Мице Јанкуловски и за великанот на современата македонска култура Блаже Конески. 

            Имајќи го предвид сето ова, несомнено е дека книгата „Скопски разговори“ на Свето Стаменов и Милан Јазбец претставува драгоцен документ – хроника на еден од најзначајните периоди во тридецениското постоење на Македонија како независна и суверена држава, членка на ООН, полноправна членка на НАТО и земја – кандидат за членство во Европската Унија, но истовремено и своевидно мементо на една извонредна журналистичка соработка и на преку неа развиено искрено пријателство.

Публицитет.мк 

Посетеност: 117
Share
Previous Post

Георгиески: Плажите во Лагадин се подготвени за новата туристичка сезона

Next Post

Тоа беа години: „Лето“ – Пилоти

Next Post
Тоа беа години: „Лето“  – Пилоти

Тоа беа години: „Лето“ - Пилоти

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 117

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk