Најдобриот македонски ди – џеј на сите времиња Славе Ќелешоски живее на релацијата Охрид – Струга – Флорида.
Вчера, последниот убав и топол октомвриски ден го искористи за пливање во нему омилениот Црн Дрим во неговата родна Струга. Но очекуваната варијанта за скок од мостовите Славе вчера ја замени со една поблага, скок од левата страна на реката. Ова на некој начин му е ритуал за конечно да го испрати летото, иако тоа календарски одамна заврши.
Освен музиката и диџејството кое го работи се’ уште од задоволство, Славе го сака пливањето и велсипедизмот. Кога овде ќе застуди заснежи, ете го тој ќе се појави со фотки од секогаш сончевата Флорида.
Публицитет.мк