Двајца градежни работници се повредени при изведување градежни работи кај месноста Лавчани на делница на автопатот Кичево-Охрид.
Како што соопшти МВР, работниците М.А. (53) од Дебар и В.Љ. (57) од с.Могорче, дебарско, биле удрени од црево што било под дејство на компресиран воздух. Повредените биле пренесени во Медицински центар Кичево каде што им била укажана лекарска помош. Кај М.А. биле констатирани тешки телесни повреди на главата, по што бил препратен во Ургентен центар Скопје, а кај В.Љ. биле констатирани телесни повреди и по укажаната лекарска бил пуштен на домашно лекување.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Извор: www.meta.mk