На наше барање најновиот избор на предлог книги за читање – почитувани читатели специјално за вас го направи педаггот во ОУ „Свети Климент Охридски“ од Охрид Славица Илиќ. Таа е долгогодишен активист и во Општинскиот Црвен крст .
Еве ги нејзините предлог – книги како и нејзиниот пристап кон уметничкото пишано творештво што го доживува како некое волшебно чувство.
-Уметничката и забавната литература во голема мера влијаеше врз созревањето и врз растењето на припадниците на мојата генерација.
Авторите на книгите кои ги читав учествуваа во обликувањето на мојот живот, нивните творби ме изградуваа и воспитуваа, со еден збор, тие се многу значајни виновници за тоа што сум ваква, каква што сум.
Според мене, добра книга е она која ми овозможува да дознаам која сум и што сум, која ми овозможува да се разберам себеси, другите луѓе и настаните, да го осмислам сопственото искуство, да се ориентирам во светот и конечно да ги создавам, зацврстувам, преиспитувам или менувам сопствените ставови.
Добрата литература ми помага честопати да се отиснам на моменти од реалноста, која често ми изгледа многу сурова, и да ме одведе во еден подобар и поприфатлив свет и тоа е тоа волшебно чувство што само добра книга може да ми го овозможи. Има многу значајни книги во мојот живот и затоа ми беше тешко да ги одделам најважните.
Иво Андриќ е автор на оние литературни творби кои стојат над мојата перница и на кои постојано им се навраќам. Мојата фасцинација со мостовите од неговите книги трае од раната младост се’ до денес. Тие претставуваат врска помеѓу генерациите и времето. Благодарение на големата епска силина која Андриќ ја поседуваше во литературниот израз,тој најуспешно го доловил сето она што свесно и потсвесно го доживувал човекот од Босна и од целиот Балкан низ вековите.
Иако сум ги читала неговите книги како дел од задолжителната литература додека бев гимназијалка, морам да признам дека во тоа време не ги разбирав до крај неговите мисли, пораки и значење. Денес Андриќ ми помага да ги разберам многуте настани што се случуваат во ова современо време, кои инаку мене ми изгледаат ирационални. Освен неговите романи „Мостот на Дрина“, „Травничка хроника“ и „Госпоѓица“, често се враќам на неговите „Знакови“ и „Знакови покрај патот“. Андриќ до денес остана единствен јужнословенски писател кој е добитник на Нобеловата награда за книжевност.
Од современите автори уживам во романите на мојата сонародничка Љиљана Хебљановиќ –Ѓуровиќ. Од нејзиниот богат книжевен опус ги издвојувам романите „Женски родослов“ и „Пауново перо“.
„Женски родослов“ е возбудлив роман кој лично ме инспирира да ги истражувам своите корени по женска линија и ми помогнал да го освестам во себе фактот дека во секој од нас длабоко е врежан генетскиот код на нашите предци. А, врз нас жените, особено влијание имаат женските предци, кои за жал во скоро сите култури се занемаруваат, забораваат, а тие ни се како судбинаи ние не можеме да избегаме од нив.
И вториот роман „Пауново перо“ е книга која ни кажува дека женскиот копнеж и мака се непроменливи, дека од настанокот на светот и божиците и смртниците живеат иста, женска судбина. Тоа е сага за генерацијата која пееше „Дај ми сонце“ (“Give the sunshine”) и гипалешеградницитекакознакна несогласувањето дагиповторатсудбинитенасвоитемајки, баби и прабаби, задасесоочатсосвоитеќеркиводеведесеттитегодиниодминатиотвек. Воовојроманопишанисеженскиликовиодразнирелигии: христијанска, муслиманска, старословенска, будистичка, старогрчка и др. Тука е Лилит, прватаженанаАдам која се побунила против машката доминација и заради тоа била избркана од рајската градина, па се до Ива која живее во 21 век и сфаќа дека само љубовта може да биде спас за сите нас. Овој роман зборува за вековниот крик за слобода, еднаквост и вистина.
Книгата „Светот на Софија“ од Јустејн Гордер претставува историја на филозофија на достапен и интересен начин. Ја препорачувам на сите кои не можат да ја разберат филозофијата, а особено на наставниците кои ја предаваат во средните училишта. На нивно место сигурно би ги користела приказните од оваа книга какко вовед за секоја нова наставна единица и би направила, филозофските прашања како што се: „Кој си ?“, „Што си?“ „Од што настанува свет?“ и други да бидат многу поинтересни за учениците.
Според мојот читателски вкус Венко Андоновски е еден од најдобрите македонски писатели, кој преку својот пишан збор успеа да влијае врз моите интелектуални видици. Неговиот роман „Вештица“ е неверојатен и уникатенроман, за мене литературно откровение.
Авторот ја темели својата приказна врз уште една тажна и крвава историска епизода која се однесува на жени, жртви на луди идеи на своите современици –жени кои биле изгорени на клада под обвинение дека се вештици. Додека ја читав оваа книга чувствував дека не сум само пасивен читател, туку дел од приказната, бидејќи писателот ви се обраќа лично вам. Токму заради тоа го издвојувам овој роман.
Романите на класиците на светската литература според мене се вонвременски и не се согласувам со оние кои тврдат дека тие се надминати четива и дека треба да се исфрлат од лектирите. Никој никогаш не ги опишал подобро од нив ниту етичките дилеми кои се вонвременски, ниту психолошките профили на обични, болни, сиромашни, богати, чесни и злосторници…Не препорачувам никому,особено не на младите, книгите да ги заменуваат со филмови, бидејќи ниту најдобриот филм не може да го замени литературното доживување. Затоа ги повикувам младите: читајте ги Достоевски, Толстој, ненадминатиот Антон П.Чехов, Флобер, Стендал, Виктор Иго, но исто така и Ибзен и Џемс Џојс. Сите романи од Е. М. Ремарк ми се омилени, особено „Триумфална порта“ и „Тројцата воени другари“. На младите кои не сакаат да читаат им препорачувам да пробаат со романот на Михаил Енде „Бескрајна приказна“. Од лично искуство знам дека некои мои блиски – млади откако ја прочитале ова книга, бајка за возрасни, потоа никогаш не престанале да читаат.
Во претходните месеци ги прочитав расказите од Емир Кустурица „Сто мизерии“, како и фантастичниот роман од јапонскиот писател Харуки Муракоми „Јужно од границата, западно од сонцето“.
Поезијата помалку ја читам, но имам омилени песни што сакам да ги рецитирам во посебни моменти на инспирација, во кругот на моите блиски другари и пријатели, во придружба на гитара и добро вино. Ги сакам оние песни кои ги поттикнуват вистинските емоции, оние кои имаат доза на патетика и за кои имам чувство дека секогаш биле во мене, само што некој друг ги нашол вистински зборови преку кои јазички ги обликувал и изразил моите мисли и чувства, а тој друг е поетот. Некои од тие се „Чекај ме“ -Константин Симонов, „Вљубена“ – Пол Елијар, „Барбара“ – Жак Превер, песните од Десанка Максимовиќ, „Кој сум? Што сум?“ –од Сергеј Есенин, „Ако“ – Радјард Киплинг, „Мостарски дождови“ – Перо Зубац, „Не дај се Инес“ од Аресен Дедиќ и многу други…
Од македонскате автори ми се допаѓа поезијата на Ацо Шопов, Кочо Рацин и Блаже Конески а посебно ми се допаѓа „Дениција“ – Петре М. Андреевски.
Денес сме сведоци на заминување на едно време кога сме морале да го читаме Хесе, Маркес или некој друг актуелен писател, бидејќи тоа бил услов за да бидеме прифатени, почитувани и да се стекнеме со одереден статус во друштвото на своите врсници.
За жал, тоа време остана како дел од моите спомени, а дојде едно ново, сајбер време, во кое мојата генерација и јас никогаш до крај не можевме да ги прфтиме новите модели за градење на духовноста. Длабоко сум уверена дека читањето претставува највежен двигател во развојотот на човековата мисла и продуховеност и дека ниту една модерна технологија ниту е, ниту може да стане алтернатива на читањето.
Славица Илиќ
Уметничка фотографија на наслов – „Заспаната девојка“ Пабло Пикасо
Публцитет.мк