Нашата Дамјана Видическа, најмладиот член во редакцијата најчесто задолжена за рубриката ЗА ДЕЦА И МЛАДИ сега праќа поздрави од Виена
Од многубројните музеи, па се’ до малечките улички, од црквата Св.Стефан (Stephansdom) па се’ до Операта, Виена буди неописливи чувства за секој кој доаѓа на посета во нејзиното срце. Многубројните активности и знаменитости коишто можат да се прават и разгледуваат во овој град, се токму она со што градот успева да ги привлече туристите, посетителите, оние коишто сакаат да живеат и студираат таму, па дури и самите жители на градот.
Публицитет.мк за својот прв роденден ја имаше шансата да биде дел од магијата на овој град. Но, секако мислиме и на нашите читатели, па затоа еве неколку слики, кои би Ви ја доловиле убавината на Виена.
Поздрав
Ваша Дамјана!
Публицитет.мк