Сликата на Пабло Пикасо, на која тој ја портретирал својата љубовница и муза Мари-Терез Валтер, на аукција во Лондон е продадена за 56 милиони евра.
Суреалистичката слика со наслов „Femme au béret et à la robe quadrillée (Marie-Thérèse Walter)“ (Жената со беретка во кариран фустан) е направена во 1937 година. Аукциската куќа „Сотби“ во Лондон не даде податоци за продавачот и купувачот на сликата.
Извор: www.dw.com