Роботот Пепер е прв хотелски работник од својот вид во светот. Вработен е во Ибергосене Алм Ресорт во Динтен на Хохкениг, Австрија.
Пепер е всушност хуманоидна роботка која на посетителите на ресортот ќе им дава информации за излети, за настани и случувања во регионот, како и препораки за забава на децата. Директорот на хотелот со четири ѕвезди, Волфганг Бургшвајгер сепак тврди дека Пепер нема да ги истисне од работа другите работници. „Напротив, нашите практиканти сами ќе ја ‘хранат’ елегантната колешка во дирндл (женска народна носија, н.з) со најразлични интересни информации“, вели Бургшвајгер.
Извор: www.dw.com