• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, август 8, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Во светот на уметноста

„Сликам со тебе“ –втора самостојна изложба на д-р Попоска Карче на „Охридско лето“

јули 25, 2022
in Во светот на уметноста
„Сликам со тебе“ –втора самостојна изложба на д-р Попоска Карче на „Охридско лето“

„Сликам со тебе“-Приказна од душата беше насловот на ликовната изложба на д-р Наташа Попоска-Карче што беше отворена во саботата во Предворјето на црквата „Света Софија“  во рамки на фестивалот „Охридско лето“.

Како што рече на отворањето на изложбата историчарот на уметност д-р Иван Заров, пред фестивалската публика  е претставен нов опус на слики кои го тосликуваат естетскиот светоглед на Попоска-Карче.

-Во неа, на идеален начин се преплетуваат мечтателноста и веќементноста на времето во нејзините слики и нејзиниот буен екстровертен и динамичен  хабитус како личност. Таа идеална дихотомија најсоодветно ја отсликува нашата Наташа која денес се претставува со целосно нов опус на слики во масло и акрил кој го отсликуваат нејзиниот естетски светоглед. Доминираат нејзините суптилни и нежни пејсажи, имагинарни и реални кои прикажуваат визури и композиции од Охрид, но и композиции кои во потрагата по трансцедентното го потенцираат нејзиниот фанстастичен имагинариум исполнет со визуелни асоцијации и суптилни метафори, кажа Заров.

OHL 7194

За изложбата и творештвото на д-р Наташа Попоска –Карче говореше и Љупчо Жупан, сопственик на галерија, кој истакна дека го следи нејзиното ликовно творештво уште од почетокот на создавањето на нејзините дела.

-Има голем напредок и развој во нејзиното сликарство и еден потенцијал дека во иднина ќе гледаме се подобри и подобри слики од неа. Најважно во нејзините слики е што се вложува максимално професионално и искрено и со чувство ги работи мотивите коишто се допираат во темата на импресионизам. Наташа зазема заслужено место во соодветната ликовна елита во Охрид, рече Жупан.

thumbnail copy copy

На отворањето на изложбата, д-р Наташа Попоска-Карче, рече дека овие неколку години што поминаа, нѐ потсетија дека се може да исчезне и оти е многу важно да се остави нешто зад себе.

-Создавајќи сфатив и дека да се набљудува  човечкото во себе е многу потешко отколку да се набљудува човечкото во светот и времето во коешто живееме. И не треба само да набљудуваме, туку треба да дејствуваме. Треба да даваме, да создаваме и да оставиме по некој траг којшто ќе докаже дека сме постоеле, тука, овде, на земјава, дека сме чекореле сите заедно, рече Попоска-Карче.

OHL 7089

Како што додаде таа, „Сликам со тебе“ е дел од нејзината душа.

-Тоа се оние делови коишто се кријат зад превезот на невидливото. Јас го сликам тоа што го чувствувам. Да можев да ѝ свртам грб  на секоја моја мисла и секое мое чувство, тогаш не би настанале ни овие платна, истакна д-р Попоска-Карче.

Ова е втора ликовна изложба на д-р Наташа Попоска –Карче  поставена во рамки на фестивалот „Охридско лето“, а авторката ја посвети  на покојниот д-р Драган Спасески – Охридски кој, како што рече и самата,  беше нејзин ментор, но и голем човек кој со своите визии, креации и духовност, многу пати го допре градот, но и фестивалот „Охридско лето“.

OHL 7178

Изложбата од денеска е преселена во Изложбениот салон на Центар за култура „ Григор Прличев“ во Охрид и љубителите на ликовната уметност ќе можат да ја видат до сабота 30 јули. 

Публицитет.мк 

Посетеност: 168
Share
Previous Post

Денес им е роденден: Климент Матоски

Next Post

ВО СВЕТОТ НА ПРИСУТНОСТА И ОТСУТНОСТА Кон ликовната изложба на Наташа Попоска – Карче, Охридско лето 2022

Next Post
ВО СВЕТОТ НА ПРИСУТНОСТА И ОТСУТНОСТА Кон ликовната изложба на Наташа Попоска – Карче, Охридско лето 2022

ВО СВЕТОТ НА ПРИСУТНОСТА И ОТСУТНОСТА Кон ликовната изложба на Наташа Попоска - Карче, Охридско лето 2022

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 168

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk