По излетот на кејот „Македонија“ „Охрид фест“ пак се врати на старата, добра ама подновена сцена „Долни Сарај“
Фестивалот по традиција го започнаа најмладите. Годинава тој има поширока меѓународна димензија и на него настапија деца изведувачи од Албанија, Србија и Бугарија. Имаше деца изведувачи од фестивалот „Златно славејче“. Градот домаќин и годинава го претставуваа редовните учесници на фестивалот: Јана и Климент Каралиевски, Ања и Ангел Карали и Ева Китрозоска.
Логично со нивното појавување на сцена е сврзано и учеството на авторските тимови Каралиевски и Китрозоски.
Вечерва од 20,30 часот е „Фолк вечерта“ на „Охрид фест -2015“
Публицитет.мк