На 29-ти април по повод светскиот ден на танцот Младинскиот културно образовен центар Соната од Охрид на градскиот плоштад во Охрид ќе организира настан со кој ќе го одбележи овој ден.
Настанот е закажан за 13:00 часот, кога за прв пат во Охрид ќе се организира Dance Battle. Dance Battle е натпревар помеѓу два танчери или два тима танчери кои танцуваат три рунди на музика која од напред не им е позната, а на која на лице место треба да создадат кореографија. Учество ќе земат дестетина членовите на Студиото за танц кое работи во рамките на МКОЦ Соната, а кои веќе се имаат докажано на бројни меѓународни натпревари.
Настанот ќе има хуманитарен карактер. На градскиот плоштад ќе бидат поставени кутии за сибирање помош за малата Мила, на која и е нужна итна операција во Кина.
Публицитет.мк