Во соработка со Локалната самоуправа и професор Зоран Тунтев, член на ЛК Лихнидос, овие денови заблеска во бела светлина дворот на ОУ „Христо Узунов“ во Охрид .
Со реализација на овој проект значително се подобри безбедноста на учениците и на самиот објект во ноќните часови.
Вакви и слични проекти, кои служат за подобрување на инфраструктурните услови во училиштето, се секогаш добредојдени и поздравени од учениците, наставниците и родителите.
Ги охрабруваме сите кои имаат иницијативи за подобрување на условите во училиштето, слободно да се обратат до менаџментот, од каде упатуваат огромна благодарност до професорот Тунтев и Локалната самоуправа, кои го иницираа, финансираа и реализираа овој проект.
Публицитет.мк