
Со премиерното прикажување на театарската претстава „Дух“ од Дејан Дуковски, а во режија на Сашо Миленковски, вечерва со почеток во 20 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе бидат одбележани 10 години од постоењето на Охридскиот народен театар.
Репризното издание на претставата ќе се одигра утре во 20 часот.
Во „Дух“ играат:Горан Стојаноски, Јовица Михајловски, Верица Недеска, Стрезо Стаматовски, Биљана Билаловиќ Вељаноска, Адријана Билаловиќ Тодороска, Елизабета Стефановска,Павел Маслов, Филип Кипровски и Митко Серафимоски.
Согласно зравствените протоколи, претставата ќе се игра пред ограничен број публика.
За влез потребно е да поседувате и приложите еден од следниве документи:
-сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза на вакцина против заразната болест COVID-19 и
-сертификат/потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.
-сертификатот/потврдата не се однесува за лица под 18-годишна возраст.
Публицитет.мк






