
Живко Поповски Цветин, сликар и хуманист.
На 10.10.2021 одбележувам 36 год.од првата Изложба „Цвеќе на мирот“ во Градската Библиотека ,,Браќа Миладиновци” Скопје, каде беа изложени 160 цвеќиња на мирот кои подоцна преку Југословенската лига за мир им се подарени на ООН за сите нејзини членки, со порака: ЦВЕЌЕТО ВО ЧОВЕКОТ НЕ ГО САКА ВЕТЕРОТ НА ВОЈНАТА, ЈАС НЕ ИЗМИСЛУВАМ НОВИ ЦВЕТОВИ, ТУКУ ГИ ПРЕСЛИКУВАМ ЦВЕТОВИТЕ НА ЛУЃЕТО ШТО ГИ САКААТ СЛОБОДАТА И МИРОТ.

Живко со сопругата
Роденденот ќе го одбележам со најблиските во кругот на семејството и со пријатали. Сакам на мојот роденден, кој се совпаѓа со ДЕНОТ НА НЕНАСИЛСТВОТО ( според Роденденот на Махатма Ганди 2 октомври) да има мир, разбирање, пријателство и соработка меѓу луѓето, без насилство ….

Моја мисија е и на овој начин да го обединувам светот и луѓето во него. Таа моја емпатија кон луѓето и животот продолжува и преку Цветните штафети. Деновиве ја започнав јаболковата мироцветна штафета сакам да ја продолжи мисијата за здравја и мир низ основните училишта во Преспа, Ресен. На тоа ме обврзува и моето образование замјоделски инженер. Се надевам ќе успеам, како и со претходната Цветна штафета посветена на 100 години од раѓањето на големиот Блаже Конески која се прошири и во Охрид благодарение на НУ Библиотека „Григор Прличев“ .
Публицитет.мк







