Од оваа сабота започнува новата – трета сезона на аудио серијалот „Мојот живот , мојот свет“
Честа да го отвори новиот серијал од веќе култните интервјуа им припадна на женскиот хор „Езерки“ и оркестарот 7/8. Тие неодамна во рамките на македонската турнеја гостуваа и во Охрид.
Освен концертот вечерта пред премиерно беше прикажан и документарецот под наслов „Луди за Македонија“ во кој е раскажана целата нивна приказна од првиот ден на постоењето до најновите концерти.
Таа приказна за себе и за љубовта кон македонската песна и во интервјуто „Мојот живот, мојот свет “ на авторот и водителот Милчо Јованоски му ја раскажуваат 4 членки меѓу кои основачот на хорот Лена Џапиќ , плус диригентот Бруно Урлиќ.
Аудио интервјуто содржи неколку композиции во маестрална изведба на „Езерки“ и 7/8 и нивните пријатели – покојниот Тоше Проески, Раде Шербеџија, Лука Нижетиќ…
Слушајте премиерно во сабота 28 октомври по 18 часот.
Публицитет.мк