• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, септември 19, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Култура

Со манифестацијата „Мостови“ и доделување на наградите завршија СВП

август 31, 2015
in Култура

Со врачување на наградите „Златен венец“, „Браќа Миладиновци“ и „Мостови на Струга“ на меѓународниот поетски митинг „Мостови“ што традиционално секоја година се одржува на Мостот на поезијата заврши 54. издание на Струшките вечери на поезијата.

Признанието „Златен венец“ на годинашниот лауреат кинескиот поет Беи Дао, кој е 50-ти јубилеен добитник му го додели претедателот на Управниот одбор Славе Ѓорѓо Димоски.

Наградата „Мостови на Струга“ за дебитантска поетска книга на млад странски автор на шпанската поетеса Паула Бозалонго и ја врачи директорот на фестивалот Мите Стефоски, „Браќа Миладиновци“ за најдобра стихозбирка на македонски јазик објавена меѓу две фестивалски изданија на Струшките вечери на поезијата  на поетесата Виолета Танчева-Златева и ја врачи претседателот на жири-комисијата Зоран Анчевски.

Традиционално на полноќ беше прогласен и добитникот на наградата „Енхалон“ за најдобра песна на млад автор од Македонија, која годинава и припадна на поетесата Афродита Николова за песната „Во налетот на ветрот“.

Највисокото признание на фестивалот „Златниот венец“ се состои од филигрански изработен лавров венец.

most

Покрај добитниците на наградите, на поетскиот митинг настапија и поети од разни страни на светот, а Струга деновиве по 54-ти пат беше престолнина на поезијата Педесет и четвртиот поетски фестивал свечено беше отворен во средата со традиционално читање на Константиновата „Т`га за југ“, палење на фестивалскиот оган и поетското послание на Адонис пред Домот на поезијата во Струга. На 54. издание на Струшките вечери на поезијата учествуваа над 40 поети од 29 земји.

Поетските читања денеска се преселуваат во Скопје. Поетско матине ќе с еодржи во манастирот „Свети Андреја“ на Матка и на Плоштадот „Македонија“ во близина на Камениот мост. Лауреатот на СВП Беи Дао ќе биде примен во Друштвото на писателите на Македонија, каде ќе биде прогласен за почесен член.

Посетеност: 174
Share
Previous Post

Владо Жура – Секое утро, за добро утро по едно „кадро“ од Охрид

Next Post

Во петок на Сараиште ќе свири и пее „Билјана“

Next Post

Во петок на Сараиште ќе свири и пее „Билјана“

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 174

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk