Познатиот охридски новинар и публицист Владо Жура е голем вљубеник и во уметничката фотографија. Секое утро на својот ФБ профил за добро утро поставува по една нова, сопствена фотографија.
И на овој начин Жура останува хроничар на Охрид, сега во ова наше совремие. Од стотиците негови прекрасни фотографии се определивме за оваа која нуди ретко виден мотив од Охрид. Човек не може да го забалежи ова доколку не се движи пеш, како што тоа го прави колегата Владо секое утро.
Од неговиот богат фотографски албум по извесно време сигурно ќе одбереме уште по некоја фотографија која каде и да сме ќе не потсетува на Охрид и неговата бесконечна убавина.
Публицитет.мк






