Но зошто киселината овозможува боите да вапцаат подобро?
Повеќето бои кои се користат во исхраната се кисели бои, односно најдобро реагираат во кисела средина. Оцетот, кој содржи 5 – 10% оцетна киселина, всушност се додава за да обезбеди доволно ниска pH која ќе овозможи подобро поврзување на бојата.
Обоените молекули од фарбата се натриумови соли од фенолна киселина. Кога фарбата ќе се стави во вода, натриумовите јони отпаѓаат, оставајќи ги зад себе негативно наелектризираните делови од молекулот. Со додавање на оцетот се додаваат многу слободни јони – позитивно наелектризирани водородни јони, кои го заземаат местото на натриумовите јони. Водородните јони, поврзани со молекулите од фарбата, со нивната слаба позитивна наелектризираност делуваат како магнет и се привлекуваат со (и ги обојуваат) слабо негативните атоми во протеинските молекули и калциум карбонатот (CaCO3) во лушпата од јајцето.
Бојата на јајцето – црвена, жолта, сина, зелена, зависи од тоа колку молекулите од конкретната фарбата апсорбираат и рефлектираат различна бранова должина од светлината. Но колку ќе биде интензивна бојата зависи од тоа колку јака врска ќе се добие помеѓу калциумот на површината на јајцето и молекулите од фарбата. Затоа е потребно да се додаде оцет.
На се сомневаме дека Вашите велигденските јајца ќе бидат прекрасно вапцани и Ви посакуваме убави Велигденски празници.