• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
недела, ноември 8, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Омнубус

Со свеченост одбележана 150 годишнината од раѓањето на великанот Гоце Делчев

мај 4, 2022
in Омнубус
Со свеченост одбележана 150 годишнината од раѓањето на великанот Гоце Делчев

Со рецитал посветен на македонскиот бесмртен револуционер и учител Гоце Делчев, и преку 50 – тина уметници од разни сфери, вчера пред неговиот споменик во скопскиот Градски парк и пред бројна публика, се одржа свечена манифестација, чествување на 150 годишнината од раѓањето на апостолот на македонската револуционерна борба.

Големата свеченост беше во организација на уметникот и хуманист Живко Поповски Цветин, македонското здружение за култура ,,Гороцвет,” и Здружението на просветни работници на Град Скопје.
Пригодни настапи и зборови од поетите и уметници Лилјана Стоилковска, Лидија Лучко Јеремиќ, Ванѓа Радевска, Мендо Димовски, Ѓорги Ѓоргиевски- Ѓе. Ѓе, Тања Стоилковска, Билјана Ѓоревска,Катерина Митковска,  Стево Стефановски, Љубиша Николиќ, Димитар Илиевски, Валентина Ѓоргиевска Парго, Викторија Велева, хорот “Серенада”, професор доктор Вера Антиќ, Миле Јанковски…

IMG 20220504 130242

Трепет, восхит, почит, пиетет од сите присутни, преку секој кажан збир, стих, рефрен, цртеж, и долгата цветна лента со 150 цветови, насликана од Цветин.
Оваа година се одбележуваат 150 години од раѓањето, и 119 години од бесмртноста на славниот македонски војвода.
Ѓорѓи Николов Делчев, попознат како Гоце Делчев (Кукуш, 4 февруари 1872 – Баница, 4 мај 1903) е македонски национален херој, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација, апостол и срцето на револуционерна Македонија, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на 19 и почетокот на 20 век.
На вчерашен ден во 1903 година е опколен и погубен во Баница. Цела оваа година преку разни свечености и настани во сите градови и села се чествува годишнината од неговото раѓање.

Публицитет.мк 

Посетеност: 130
Share
Previous Post

Денес им е роденден: Каролина Мицевска

Next Post

Денес им е роденден: Ана Бојаџиев

Next Post
Денес им е роденден: Ана Бојаџиев

Денес им е роденден: Ана Бојаџиев

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 130

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk